Page 40 - Секретаријат за законодавство
P. 40

Судска пракса на Судот на правдата на Европската унија

            Во согласност со член 19 од Договорот за ЕУ, Европскиот суд за
            правда ќе обезбеди „дека при толкувањето и примената на дого­
            ворите се почитува законот“. Во таа насока, Судот на правдата:
                •  ја прегледува законитоста на актите на институциите на
                    Европската унија;
                •  обезбедува дека земјите­членки се усогласени со обврски­
                    те од договорите;
                •  го толкува правото на Европската унија, на барање на на­
                    ционалните судови и трибунали.

            Судот ја претставува судската власт на Европската унија и обезбе­
            дува, во соработка со судовите и трибуналите на земјите­членки,
            еднообразна примена на правото на ЕУ. Судовите на земјите­член­
            ки имаат обврска подеднакво да го применуваат правото на ЕУ.
            Според член 267 од ДФЕУ, Судот на правдата има надлежност
            да донесува прелиминарни одлуки врз основа на прелиминарни
            прашања на националните судови во врска со:

                •  толкување на договорите;
                •  валидноста  и  толкувањето  на  актите  на  институциите,
                    телата, канцелариите и агенциите на Унијата.
            Судската пракса на Европскиот суд на правдата исто така е и извор
            на правото на ЕУ и при транспозиција и спроведување одредени
            законски акти на ЕУ секогаш треба да се проверат и одлуките на
            Судот во врска со овој правен акт и истите да се земат предвид.

            „Меки закони (soft laws)“ на ЕУ

            Поимот „меко право (soft law)“ на ЕУ се однесува на различни инстру­
            менти и акти усвоени од институциите на ЕУ кои ги нема во договори­
            те и не се правно обврзувачки, но може да имаат практично влијание и
            секогаш треба да се сметаат за корисни алатки за правилно, соодветно
            и ефикасно спроведување на правото на ЕУ. Иако поголемиот дел од
            актите од „мекото право (soft law)“ на ЕУ не се експлицитно дадени
            во член 288 од ДФЕУ, истиот член не го спречува нивното усвојување.

            Засега нема официјална класификација на „инструментите од ме­



            38
   35   36   37   38   39   40   41   42   43   44   45