Page 39 - Секретаријат за законодавство
P. 39
„Потребно е да се донесат мерки за спроведување на одредбите
од одреден договор склучен од страна на Заедницата, во соглас
ност со тековната состојба на правото на Заедницата во областите
погодени со одредбите на договорот, или од страна на институ
циите на Заедницата или од страна на земјитечленки“. 37
Одредени договори може да предвидуваат формирање посебни
извршни тела (на пример, Совет за стабилизација и асоцијација).
Таквите тела имаат моќ да донесуваат обврзувачки одлуки. Та
квите одлуки претставуваат составен дел од правниот систем на
ЕУ. Тие може да имаат директно влијание, доколку условите за
тоа се исполнети. Во спротивно, тие бараат донесување соодвет
ни мерки од страна на надлежните органи на земјитечленки.
„...бидејќи се директно поврзани со договорот на кој му даваат
сила, одлуките на Советот за асоцијација, на ист начин како и са
миот договор, претставуваат составен дел на правниот систем на
Заедницата, од нивното влегување во сила.“ 38
Во случај на т.н. „мешани договори“ (договори склучени меѓу ЕУ
и земјитечленки кои содржат одредби кои се во надлежност на
ЕУ и земјитечленки) земјитечленки имаат обврска да обезбедат
ефикасност на правото на ЕУ и, следствено, да донесат мерки не
опходни за спроведување на договорот во однос на елементите на
договорот кои се во исклучива надлежност на ЕУ. Спроведување
то делови од договорот опфатен со надлежноста на земјитечлен
ки е прашање на интерни правила применливи во земјите. Сепак,
принципот на единствено претставување на ЕУ во меѓународни
те односи бара од земјитечленки тесно да соработуваат со ЕУ и
другите земјичленки во текот на преговорите и спроведувањето
на договорот . Од ова произлегува дека при донесување мерки за
39
спроведување мешани договори, земјитечленки треба да сорабо
туваат и со институциите на ЕУ и со другите земјичленки.
37 Idem.
38 S. Z. Sevince v Staatssecretaris van Justitie (Case C192/89) [1990] ECR I3461.
39 Мислење на Конвенцијата бр. 170 на Меѓународната организација на трудот
во врска со безбедноста при употреба на хемикалии при работа (Мислење 2/91)
[1993] ECR I1061.
37