Page 38 - Секретаријат за законодавство
P. 38
Меѓународни спогодби
Во согласност со член 216 од ДФЕУ, ЕУ може да склучува догово
ри со една или повеќе трети земји или меѓународни организации
за основање асоцијации, вклучувајќи реципрочни права и обвр
ски, заеднички активности и посебни постапки. Таквите догово
ри, кои се склучени од страна на ЕУ, се обврзувачки за институ
циите на ЕУ и нејзините земјичленки. Постапката за склучување
меѓународни договори е утврдена во член 218 од ДФЕУ. Советот
овластува отпочнување преговори, донесува директиви за прего
варање, овластува потпишување и склучување договори.
Кога предвидениот договор се однесува исклучиво или главно на
заедничката надворешна и безбедносна политика, Комисијата или
Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбед
носна политика доставуваат препораки до Советот, кој донесува
одлука за отпочнување преговори и во зависност од предметот
на предвидениот договорот се именува преговарач за Унијата или
шеф на тимот за преговарање на Унијата.
Една земјачленка, Европскиот парламент, Советот или Коми
сијата може да добијат мислење од Судот на правдата за тоа дали
предвидениот договор е во согласност со Договорите. Кога ми
слењето на Судот е негативно, предвидениот договор може да не
влезе во сила, освен ако договорите не се изменат или ревидираат.
Меѓународните договори склучени од страна на ЕУ се дел од
правниот поредок на ЕУ:
„Со цел да се обезбеди почитување на обврските кои произлегува
ат од еден договор склучен од институциите на Заедницата, земји
течленки ги исполнуваат обврските не само во однос на засегна
тата земја која не е членка на ЕУ туку, пред сè, во однос на За
едницата која презема одговорност за навремено спроведување на
договорот. Тоа е причината зошто одредбите од еден таков договор,
...претставуваат составен дел од правниот систем на Заедницата.“ 36
Земјитечленки и институциите на ЕУ имаат обврска да презема
ат соодветни мерки со цел да се спроведе одреден договор:
36 Hauptzollamt Mainz v C.A. Kupferberg & Cie KG a.A. (Case 104/81) [1982] ECR 3641.
36