Page 37 - Секретаријат за законодавство
P. 37

(i) активности кои треба да ги преземе Унијата;
                    (ii) ставови кои треба да ги заземе Унијата;

                    (iii) подготовки за спроведување на одлуките од точка (i) и (ii);
                    и преку
                (в)  јакнење  на  системската  соработка  меѓу  земјите­членки  во
                спроведувањето на политиките.
                Овде е важно да се нагласи дека во согласност со одредбите од До­
                говорот за регулирање на Заедничката надворешна и безбедносна
                политика, Советот може да донесе рестриктивни мерки против
                физички или правни лица и групи или земји кои не се членки,
                постапувајќи со квалификувано мнозинство гласови на заеднич­
                ки предлог на Високиот претставник на Унијата за надворешни
                работи и безбедносна политика и Комисијата. За тоа треба да се
                информира Европскиот парламент.

                Во областа на кривичната правда (поранешен трет столб), Дого­
                ворот од Лисабон укина одредени правни инструменти (на при­
                мер, рамковни одлуки) и ЕУ сега може да донесува директиви и
                регулативи во оваа област. Сепак, континуираната основа за рам­
                ковни одлуки е утврдена во преодните одредби на Договорот од
                Лисабон. Член 9 од Протоколот за Преодни одредби предвиду­
                ва дека правните последици од актите на институциите, телата,
                канцелариите и агенциите на Унијата донесени врз основа на До­
                говорот за Европската унија пред влегувањето во сила на Догово­
                рот од Лисабон треба да се чуваат сè додека тие акти не се укинат,
                поништат или изменат со спроведувањето на договорите.
                Рамковните одлуки беа слични на директивите по тоа што бараа од
                земјите­членки да постигнат одредени резултати без да диктираат
                средства за постигнување на тој резултат. Тие постепено се заме­
                нуваа со директиви. Сепак, за разлика од директивите, рамковни­
                те одлуки немаа директен ефект, тие беа предмет само на изборна
                надлежност на Европскиот суд на правдата и Европската комисија
                не можеше да презема постапки за спроведување при секоја не­
                можност да се транспонира една рамковна одлука во домашното
                право. Но, од декември 2014 година, Комисијата и Европскиот суд
                на правдата ја имаат оваа надлежност врз правните инструменти во
                областа на судската соработка за криминални прашања.


                                                                                 35
   32   33   34   35   36   37   38   39   40   41   42