Page 36 - Секретаријат за законодавство
P. 36

земјите­членки на ЕУ, кои се разликуваат од директивите само со
            отсуството на обврзувачка моќ. Препораките и мислењата не се
            обврзувачки и не поставуваат законска обврска за земјите­членки,
            но треба да се разгледаат заедно со обврзувачките правни акти.
            Значењето на препораките и потребата да се земат предвид е на­
            гласено во судската пракса на Судот на правдата. Судот ги квали­
            фикува како „мерки кои, дури и во однос на лицата за кои се наме­
            нети, не се наменети да имаат обврзувачки ефект“. Како резултат
            на тоа, Судот смета дека „не може да се создадат права врз кои
            поединците можат да се потпрат пред национален суд“. Сепак,
            Судот истакнува дека „мерките во прашање, не може да се смета­
            ат дека немаат никакво правно дејство. Националните судови се
            обврзани да ги земат предвид препораките со цел да одлучуваат
            по спорови поднесени до нив, особено кога фрлаат светлина врз
            толкувањето на националните мерки донесени со цел истите да
            се спроведат или онаму каде истите се составени за да дополнат
            некои обврзувачки одредби на Заедницата“.    35
            Други правни акти во рамките на Заедничката надворешна и
            безбедносна политика и во областа на полициската и судска-
            та соработка во областа на кривичната правда
            Лисабонскиот  договор  воведе  одредени  промени  во  однос  на
            правните инструменти кои се користат при спроведување на заед­
            ничката надворешна и безбедносна политика. Во член 24 од До­
            говорот за ЕУ, јасно е пропишано дека заедничката надворешна
            и безбедносна политика е предмет на посебни правила и проце­
            дури. Таа ќе биде дефинирана и имплементирана од Европскиот
            совет и Советот, постапувајќи едногласно, освен во случај кога
            договорите предвидуваат поинаку. Донесувањето законски акти
            ќе биде исклучено. Во член 25 определено е дека ЕУ ја спроведу­
            ва заедничката надворешна и безбедносна политика преку:

            (a) дефинирање општи упатства;
            (б) усвојување одлуки кои дефинираат:



            35  Salvatore Grimaldi v Fonds des maladies professionnelles (Case C­322/88) [1989]
            ECR 4407.


            34
   31   32   33   34   35   36   37   38   39   40   41