Page 35 - Секретаријат за законодавство
P. 35

„…иако е точно дека врз основа на член 189 [тековно член 288 од
                ДФЕУ], регулативите се директно применливи и нивната природа
                им овозможува да имаат директно влијание, од тоа не следи фак­
                тот дека другите категории на правни мерки наведени во тој член
                никогаш не можат да имаат исто влијание. Попрецизно кажано, од­
                редбата според која одлуките се обврзувачки во целост за оние на
                кои им се упатени овозможува да се постави прашањето дали на
                обврската која потекнува од одлуката може да се повикуваат само
                институциите на Заедницата во однос на примателот или дали так­
                вото право веројатно може да го имаат сите оние кои имаат интерес
                од исполнувањето на обврската. Исклучувањето на можноста на
                лицата кои се засегнати да се повикаат на обврските наметнати со
                одлуката би било во спротивност со обврзувачкото влијание на од­
                луките од член 189. Особено во случаи кога, на пример, органите
                на Заедницата со одлука наметнале обврска на една земја­членка
                или сите земји­членки да делуваат на одреден начин, ефикасноста
                („L’effet utile“) на таквата мерка ќе биде ослабена доколку државја­
                ните на таа земја не може да се повикаат во судовите, а национал­
                ните судови не може да ја земат предвид како дел од правото на
                Заедницата. Иако ефектите од одлуката може да не се идентични
                со оние на одредбата од одредена регулатива, оваа разлика не ја ис­
                клучува можноста крајниот резултат, односно правото на поедине­
                цот да се повика на мерки пред судовите и може да биде исто како
                тоа на директно применливата одредба на одредена регулатива“.    34

                Препораки и мислења

                „Препораките и мислењата немаат обврзувачка сила.“ (Член 288)

                Тие се конечна категорија на правни мерки јасно предвидени во
                договорите. Тие се разликуваат од регулативите, директивите и
                одлуките со тоа што не се обврзувачки за земјите­членки. Поради
                тоа, му припаѓаат на „мекото право (soft law)“ на ЕУ. Сепак, овие
                инструменти се многу важни, бидејќи иако се без правна сила,
                тие имаат политичка и морална тежина. Препораката е инстру­
                мент за индиректна акција во насока на подготовка на законите во




                34  Franz Grad v Finanzamt Traunstein (Case 9­70) [1970] ECR 825.

                                                                                 33
   30   31   32   33   34   35   36   37   38   39   40