Page 34 - Секретаријат за законодавство
P. 34

на овие одредби треба да се состои во носење мерки врз основа на
            кои заинтересираните страни се информирани за целта која треба да
            се оствари преку одредбите на директивата и да се охрабрат да ус­
            војат конкретна практика. Затоа, ваквата транспозиција на одредба
            преку на пример, министерски циркулар ќе биде доволно.

            Одлуки

            „Одлуката е задолжителна во целост за оние на коишто се одне­
            сува “. (Член 288)
            Одлуките може да се однесуваат на земји­членки на ЕУ, институции
            на ЕУ, физички или правни лица, кои живеат или се регистрирани во
            земјите­членки на ЕУ. Одлуките се алатка за институциите на ЕУ да
            спроведуват договори, а ова е можно само ако тие смеат да презема­
            ат обврзувачки мерки за поединци, претпријатија или земји­членки.

            Во принцип, можеме да ги истакнеме главните разлики и слично­
            сти меѓу одлуките и другите обврзувачки правни акти на ЕУ.
            Одлуките се различни од регулативите, бидејќи се применуваат за­
            себно. Лицата на кои се однесува одлуката мора да бидат именува­
            ни во истата, и тие се единствените обврзани со неа. Одлуките се
            различни од директивите бидејќи во целост се обврзувачки за раз­
            лика од директивите кои едноставно ја утврдуваат целта која треба
            да се оствари. Оние одлуки кои се однесуваат на земјите­членки
            може да имаат правна природа слична на директива или регула­
            тива. Во некои случаи, таквите одлуки им доделуваат обврски на
            земјите­членки  и  мора  да  се  транспонираат,  како  директиви.  Во
            други случаи, одлуките може да имаат целосна и директна приме­
            на како регулативи кои бараат само одредени активности од земји­
            те­членки со цел да се обезбеди целосно спроведување (номина­
            ција на надлежниот орган, санкции). Во повеќето случаи, одлуките
            треба внимателно да се проверат, засебно секој случај, во однос на
            тоа дали е потребно транспонирање или истите може да се приме­
            нуваат директно, без да е потребно понатамошно дејство.
            Судската пракса на Судот на правдата на ЕУ дава детални појасну­
            вања во врска со прашањето на директно влијание на одлуките:




            32
   29   30   31   32   33   34   35   36   37   38   39