Page 33 - Секретаријат за законодавство
P. 33

•  Заради транспозицијата, националниот законодавец најпр­
                        во треба да се фокусира на целите на директивата утврде­
                        ни во преамбулата на директивата, така што намерата на
                        законодавецот на ЕУ максимално ќе се земе предвид.
                    •  Паралелно со тоа, треба да се земат предвид и другите ја­
                        зични верзии на директивата:
                „…мора да се има на ум дека законодавството на Заедницата е
                изготвено на повеќе јазици и дека различните јазични верзии се
                подеднакво автентични. Толкувањето на одредбите од правото на
                Заедницата подразбира споредба на различните јазични верзии.
                Понатаму, мора да се има на ум, дури и кога различните јазични
                верзии се целосно усогласени, законот на Заедницата користи тер­
                минологија која е доста карактеристична. Исто така, мора да се на­
                гласи дека правните концепти од правото на Заедницата и законите
                на различните во земји­членки не секогаш го имаат истото значење.

                На крај, секоја одредба од правото на Заедницата мора да се ста­
                ви во соодветен контекст и да се толкува во смисла на одредбите
                од правото на Заедницата во целина, имајќи ги предвид неговите
                цели и состојбата на еволуција на датумот на кој одредбата во
                прашање треба да се примени“.    32

                Доколку одредбата од директивата не предвидува обврска туку само
                ги  поттикнува  земјите­членки  да  делуваат  на  одреден  начин  или
                содржат препораки за правецот во кој треба да се насочат политики­
                те на земјите­членки , тогаш не е неопходно да се транспонира таа
                                     33
                одредба во домашен акт со обврзувачка природа. Транспозицијата



                32  Srl CILFIT and Lanificio di Gavardo SpA v Ministry of Health (Case 283/81)
                [1982] ECR 3415.
                33  Пример: Член 1 (2) од Директивата 79/115/ЕЕЗ на Советот од 21 декември
                1978г. за управување со бродови од поморски капетани во Северното Море и
                Ла Манш (СВ L 33, 1979/08/02, стр 32.): Секоја земја-членка ги презема сите
                неопходни и соодветни мерки за поттикнување на бродови кои пловат под на-
                ционално знаме да користат, во Северното Море и Ла Манш, услуги само на
                поморски капетани, кои поседуваат сертификат како што е наведено во став
                1 или еквивалентен сертификат издаден од страна на друга крајбрежната
                држава на Северното Море, при барање помош од поморски капетани.


                                                                                 31
   28   29   30   31   32   33   34   35   36   37   38