Page 31 - Секретаријат за законодавство
P. 31

„Од суштинско значење во овој поглед е секоја земја­членка да ги им­
                плементира директивите во прашање на начин кој целосно ги задо­
                волува барањата на јасност и сигурност во правни ситуации во кои
                директивите се бараат за доброто на производителите основани во
                други  земји­членки.  Едноставните  административни  практики,  кои
                по својата природа може да се променат по волја на властите и кои не
                се објавени доволно широко не може во вакви околности да се сметаат
                за соодветно исполнување на обврската од членот 189 [тековно член
                288 од ДФЕУ] на земјите­членки на кои директивите се однесуваат“. 26

                Во одредени околности, транспозицијата на директивите може да
                се обезбеди од страна на т.н. правен контекст, или законодавство­
                то кое веќе е во сила во земјата­членка, под услов постоечкиот
                правен контекст да гарантира целосно постигнување на целите
                утврдени во директивата.
                 „…мора  да  се  потсети  дека  постои  утврден  закон  според  кој
                транспозирањето  на  една  директива  во  националното  право  не
                мора да изискува нејзините одредби да се репродуцираат буквал­
                но во еден специфичен, изричит закон или регулатива; еден општ
                правен контекст може, во зависност од содржината на директива­
                та во прашање, да биде доволен, под услов ефикасно да обезбеду­
                ва целосна примена на директивата на доволно јасен и прецизен
                начин .... Тоа особено е важно, со цел да се задоволат барањата на
                правна сигурност, со кои поединците треба да имаат на распола­
                гање јасна и прецизна правна ситуација која ќе им овозможи да ги
                утврдат во целост своите права и должности и, каде што е соод­
                ветно, да се потпрат на нив пред националните судови“.    27

                Општ пристап за вршење транспозиција е преку акти на Собра­
                нието и акти за спроведување. Меѓутоа, изборот на акти користе­
                ни за транспозиција на директивите зависи од системот на извори
                на право кои се применуваат во земјата­членка. Доколку одредби­
                те од уставот на земјата­членка се во спротивност со одредбите од
                директивата, во тој случај потребно да се измени уставот.

                „... една земја­членка не може да се потпре на домашните проблеми
                или одредби од својот националниот правен систем, дури и устав­

                26  Commission v Kingdom of Belgium (Case 102/79) [1980] ECR 1473.
                27  Commission v Republic Italy (Случај C­49/00) [2001] ECR I­8575.

                                                                                 29
   26   27   28   29   30   31   32   33   34   35   36