Page 30 - Секретаријат за законодавство
P. 30
ва со цел да се постигне резултатот предвиден со директивата и
нивната должност во согласност со член 5 од Договорот [тековно
член 4(3) од Договорот за ЕУ] за да се преземат сите соодветни
мерки, општи или поединечни, за да се обезбеди исполнување
на оваа обврска, е обврзувачка за сите органи на земјитечленки,
вклучувајќи ги, за работи од нивна надлежност, судовите“. 24
Важно е да се напомене дека сите директиви во своите формални од
редби наметнуваат врз засегнатата земјачленка обврска за обезбеду
вање листа со мерки кои се преземени со цел истите да се имплементи
раат. Ова ја олеснува задачата на Комисијата во врска со утврдувањето
на усогласеноста на националното законодавство со законодавството
на ЕУ во областа покриена од страна на соодветната директива.
Упатства за националниот законодавец
Иако член 288 од ДФЕУ остава на земјитечленки маргина на дис
креција во однос на изборот за формата и средствата за постигну
вање на целта наложена со директивата, земјитечленки мора да ги
транспонираат директивите земајќи ги предвид следните околности.
Водејќи сметка за принципот на правна сигурност, транспонирање
то на директиви мора да се врши со акти од обврзувачки карактер.
Не е прифатливо да се транспонираат директиви со издавање адми
нистративни инструкции или насоки. Принципот на правна сигур
ност бара земјите членки да се погрижат луѓето да бидат на чисто
во однос на правата и обврските кои произлегуваат од директивата.
„Во таа насока, треба да се запомни дека во согласност со дослед
ната судска пракса на Судот, секоја земјачленка мора да ги спрове
дува директивите на начин кој целосно ги задоволува потребите на
правна сигурност и поради тоа нивните услови мора да се транспо
нираат во националното законодавство како обврзувачки одредби“. 25
Постојната административна практика или приспособувањето на
так вата практика со цел транспонирање на директивата не е доволно:
24 von Colson and Kamann v Land NordrheinWestfalen (Case 14/83) [1984] ECR 1891.
25 Commission v Kingdom of Belgium (Case 239/85) [1986] ECR 3645.
28