Page 29 - Секретаријат за законодавство
P. 29

Пред да се започне со законодавна работа насочена кон утврду­
                вање на домашни одредби кои ја обезбедуваат ефективноста на
                регулативата, националниот законодавец треба да се осигура дека
                регулативата  во  прашање  е  правилно  објавена  во  Службениот
                весник на Европската унија.

                Директиви

                „Директивата е обврзувачка по однос на резултатот што треба да се
                постигне, за секоја земја­членка на којашто се однесува, но се остава
                на националните власти да ги изберат формата и начинот“. (Член 288)
                    ­  Директивата се однесува на земјите­членки;
                    ­  Директивата секогаш треба да се транспонира (директно­
                        то упатување не обезбедува вистинско усогласување ако
                        содржината не е соодветно транспонирана).
                Усвојувањето на една директива претставува компромис помеѓу
                потребата за единствено законодавство во рамките на ЕУ и потре­
                бата да се задржи разновидноста на правните системи на земји­
                те­членки на ЕУ. Целта на директивите е приближување на зако­
                ните на земјите­членки на ЕУ, а не обединување на законските
                одредби, како што е случајот на регулативите.

                Директивите мора да се транспонираат од страна на земјите­член­
                ки во определениот рок (во период од две години). Неспроведу­
                вањето на директивата од земја­членка во рамките на пропишани­
                от рок има двојни последици. По исполнувањето на другите усло­
                ви, директивата ќе биде директно применлива и нејзините одред­
                би стануваат директно ефективни, што значи дека секој поединец
                може да се потпре на нив во постапка пред националните судови.
                Исто така, Комисијата може да покрене постапка во согласност со
                член 258 од ДФЕУ против земја­членка која не ја транспонирала
                директивата во пропишаниот рок.
                Обврската за транспонирање на директивите се однесува на сите
                надлежни органи во областа опфатена со директивата. Тоа може
                да ги вклучува владините или локалните власти, како и судството.
                „Обврската на земјите­членки која произлегува од една директи­



                                                                                 27
   24   25   26   27   28   29   30   31   32   33   34