Page 28 - Секретаријат за законодавство
P. 28

одредена регулатива на Заедницата, мора да се признае дека,
                    во принцип, ова спроведување се одвива со почитување на
                    формите и постапките на националното законодавство. Се­
                    пак, униформираната примена на одредбите на Заедницата
                    не дозволува прибегнување кон национални правила, освен
                    до степен потребен за извршување на регулативите“ .
                                                                         21
                •  ги утврдат казните кои се применуваат за прекршување на
                    регулативата.
            „Постои  утврдена  судска  пракса...дека  кога  законодавството  на
            Заедницата конкретно не пропишува казна за прекршокот или за
            таа цел се осврнува кон националното законодавство, член 5 од
            Договорот [тековно член 4(3) од Договорот за ЕУ] бара од земјите­
            членки да ги преземат сите неопходни мерки за да се загарантира
            примената и ефикасноста на правото на Заедницата“.     22
            Исто така, земјите­членки мора да го укинат националното зако­
            нодавство што е спротивно на регулативата и истите немаат право
            да воведуваат одредби и практики во националните закони, кои
            ќе оневозможат примена на регулативата. Постоењето одредби во
            националното законодавство, било да се од законодавен или ад­
            министративен карактер, кои се во спротивност со регулативата
            доведува до недостаток на јасност во однос на правото на поедин­
            ците да се потпрат на правото на ЕУ.

            „Судот утврди дека одржувањето на национално законодавство
            кое само по себе не е во согласност со правото на Заедницата,
            дури и ако засегнатата земја­членка постапува во согласност со
            правото на Заедницата, доведува до двосмислена состојба на ра­
            ботите преку одржувањето на истото, во однос на оние кои се за­
            сегнати со законот, состојба на несигурност во однос на можност­
            ите кои им се достапни потпирајќи се на правото на Заедницата.
            Оваа несигурност може да се зајакне само со интерниот карактер
            на чисто административните насоки да се отстапи од примената
            на домашното законодавство“ .
                                           23

            21   Norddeutsches  Vieh­und  Fleischkontor  GmbH  v  Hauptzollamt  Hamburg­St.
            Annen (Case 39/70) [1971] ECR 49.
            22  Siesse v Director da Alfândega de Alcântara (Case C­36/94) [1995] ECR I­03573.
            23  Commission v French Republic (Case C­307/89) [1991] ECR I­02903.

            26
   23   24   25   26   27   28   29   30   31   32   33