Page 21 - Секретаријат за законодавство
P. 21

Одредбите од националното законодавство што се во спротивност со
                одредбите од примарното законодавство мора да се укинат или изме­
                нат, во согласност со правилата пропишани во националното право:

                „…Ако некоја одредба од националното право не е во согласност
                со одредбa од Договорот, па дури и ако станува збор за една ди­
                ректно применлива одредба во правниот поредок на земјите­член­
                ки  која  останува  непроменета,  ова  создава  нејасна  состојба  на
                работите со самото тоа што засегнатите страни се во ситуација
                на несигурност што се однесува до можноста да се потпрат на
                правото на Заедницата и одржувањето на таквата одредба во сила
                се сведува на неуспех од страна на членката во поглед на почиту­
                вање на своите обврски во рамките на Договорот“.
                „Неусогласеноста на националното законодавство со одредбите
                на Договорот, дури и кога станува збор за одредби кои се директ­
                но применливи, може конечно да се исправи само со помош на на­
                ционалните одредби кои се со обврзувачки карактер и кои имаат
                иста правна сила како и оние кои мора да се изменат“.

                „…обичните  административните  практики,  кои  по  својата  при­
                рода се променливи по волја на властите и на кои не им се дава
                соодветен публицитет, не може да се сметаат за соодветно испол­
                нување на обврските од Договорот“ .
                                                     10
                Не само што е потребно да се отповикаат сите постоечки одред­
                би од националното законодавство кои го повредуваат правото на
                Европската унија, туку и за да се исклучи примената на сите нови
                домашни норми спротивни на примарното законодавство на ЕУ:

                „…во согласност со принципот на првенство на правото на Заед­
                ницата, односот меѓу одредбите од Договорот и директно примен­
                ливите мерки на институциите од една страна, и националното
                законодавство на земјите­членки од друга страна, е таков што тие
                одредби и мерки не само што по влегувањето во сила ја сметаат за
                автоматски неприменлива секоја конфликтна одредба од тековно­
                то национално законодавство, туку ­ со тоа што се составен дел и
                имаат првенство во правниот поредок применлив на територијата



                10  Commission v Italy (Case C­168/85) [1986] ECR 2945.

                                                                                 19
   16   17   18   19   20   21   22   23   24   25   26