Page 19 - Секретаријат за законодавство
P. 19

•  Договорот за спојување7 (1965);
                    •  Актите  за  пристапување  на  Велика  Британија,  Ирска  и
                        Данска (1972);
                    •  Буџетскиот договор (1970);
                    •  Актот за пристапување на Грција (1979);
                    •  Актот за пристапување на Шпанија и Португалија (1985);

                    •  Единствениот европски акт8 (ЕЕА, 1986);
                    •  Договорот од Мастрихт9 за основање на Европската унија
                        (ЕУ, 1992);
                    •  Актите за пристапување на Австрија, Шведска и Финска
                        (1994);
                    •  Договорот од Амстердам10 (1997);
                    •  Договорот од Ница (2001);
                    •  Договорот  за  пристапување  на  10  нови  земји­членки
                        (2003);
                    •  Договорот за пристапување на Бугарија и Романија (2005);
                    •  Договорот од Лисабон12 (2009);
                    •  Договорот за пристапување на Хрватска13 (2011).

                Различните прилози и протоколи на овие договори, исто така, се
                сметаат за извор на примарно законодавство.

                Договорите беа подготвени и усвоени од земјите­членки, а не од
                институциите на Заедниците, поради што од огромно значење за
                сите нас е да ја познаваме содржината на овие документи како по­
                литички и правни основи за сите одлуки на институциите коишто
                се однесуваат на сите области од нашето живе ење. Значењето на
                овие документи лежи во фактот дека целокупното функцио нирање
                на Европската унија е ограничено со она што е во нив содржано.
                Ниедна мерка или активност преземена од институциите не може
                да го надмине она што е неопходно потребно за постигнување
                (со правни /легални средства) на целите поставени во договорите.
                Поединецот/индивидуата е во центарот на правното договарање
                на Европската унија директно влијаејќи на неговиот секојдневен
                живот, давајќи му права и поставувајќи му обврски.

                Одредбите од договорите може да имаат директен ефект. Ова про­
                излегува од правниот карактер на Европската унија:

                                                                                 17
   14   15   16   17   18   19   20   21   22   23   24