Page 20 - Секретаријат за законодавство
P. 20
„… Заедницата претставува нов правен поредок на меѓународно
то право во чија корист државите ги ограничуваат своите сувере
ни права, но во ограничени области, а субјектите кои се опфаќаат
не се само земјитечленки, туку и нивните државјани. Независно
од законодавството на земјитечленки, правото на Заедницата не
им наметнува само обврски на поединците, туку има за цел да им
додели и права кои стануваат дел од нивното правно наследство.
Овие права се јавуваат не само кога се изричито доделени со До
говорот, туку и по пат на обврски кои Договорот ги наметнува на
јасно дефиниран начин врз физичките лица…“ .
7
Последицата од директното влијание е тоа што физичките лица може
да се повикаат на одредбите од примарното законодавство во постап
ки пред националните судови или во управните постапки, под услов:
одредбата од примарно законодавство да содржи „јасна и
безусловна“ обврска да се постапува или да се воздржи од
дејствување;
обврската „не е ограничена со задржување на права од
страна на државите што би го направило нејзиното спро
ведување условено со позитивна законодавна мерка доне
сена во согласност со националното право“;
„самата природа на оваа забрана ја прави совршено прис
пособена за директно влијание врз правниот однос меѓу
земјитечленки и нивните субјекти“;
одредбата од примарно законодавство „не бара законска
интервенција од страна на државите“ .
8
Упатства за националниот законодавец
Правото на поединците да се потпрат на директно применливите
одредби на Договорот пред националните судови „е само мини
мална гаранција и не е доволно само по себе за да се обезбеди
целосна и комплетна имплементација на Договорот“ .
9
7 Van Gend en Loos v. Nederlandse Administratie der Belastingen (Case 26/62)[1963] ECR
1, [1963] CMLR 105.
8 Van Gend en Loos v. Nederlandse Administratie der Belastingen (Case 26/62)[1963] ECR
1, [1963] CMLR 105.
9 Commission v Italy (Case C120/88) [1991] ECR I621.
18