Page 25 - Секретаријат за законодавство
P. 25
„Земјитечленки не смеат да усвојуваат или да им овозможуваат на
националните институции со законодавна моќ да усвојуваат мерки
со кои природата на законските правила на Заедницата и последи
ците кои произлегуваат од тоа се прикриени од засегнатите лица.
Иако е точно дека во случај на тешкотии при толкувањето, држав
ната администрација може да усвои детални правила за примена
на регулативите на Заедницата, а во исто време да се разјаснат сите
покренати сомнежи, тоа може да се стори само доколку е во соглас
ност со одредбите од правото на Заедницата и националните власти
не смеат да издаваат обврзувачки правила за толкување“ .
15
Вообичаено е забрането да се транскрибираат одредби од одре
дена регулатива во националното законодавство. Сепак, по ис
клучок, дозволено е да се повтори содржината на регулативата во
домашното право под два услови: домашните одредби да имаат
локален обем и повторувањето да е направено во интерес на до
следноста и разбирањето на соодветената законска рамка:
„Во однос на тврдењето дека регионалните закони ... ги повторуваат
одредбите на регулативата на Заедницата, вистина е... дека регула
тивите на Заедницата се, како такви, директно применливи во сите
земјичленки и влегуваат во сила само врз основа на нивното објаву
вање во Службениот весник на заедниците. Како резултат на тоа,
една земјачленка нема слобода да создаде ситуација во која е ком
промитирано директното влијание на регулативите на Заедницата.
Сепак, тоа не е ставот во овој случај. Примената на системот за
поттикнување на формирање на групи на производители во Италија
не може да се обезбеди само со регулативите на Заедницата; ... тоа
зависи од комбинација на голем број одредби донесени на нацио
нално, регионално и на ниво на Заедницата. Во вакви посебни окол
ности, фактот дека регионалните закони се вклучени, во полза на
доследноста и со цел истите да се направат разбирливи за лицата на
кои се однесуваат, некои елементи од регулативите на Заедницата,
не може да се сметаат за прекршување на правото на Заедницата“ .
16
15 Fratelli Zerbone Snc v Amministrazione delle finanze dello Stato (case 94/77)
[1978] ECR 99.
16 Commission v Italy (case 272/83) [1985] ECR 1057.
23