Page 22 - Секретаријат за законодавство
P. 22

на секоја од земјите­членки ­ исто така, го исклучуваат валидното
            усвојување на нови национални законодавни мерки до степен до
            кој тие ќе бидат неусогласени со одредбите на Заедницата“ .
                                                                         11
            Со цел да се обезбеди правна сигурност, не е доволно само вметну­
            вање на општи клаузули во националното законодавство како што се:

                ­  „Одредбите од овој акт не се спротивни на директно при­
                    менливите одредби од договорите на Европската унија“;
                ­  „Член  ...  не  е  применлив,  ако  Договорите  на  Европската
                    унија предвидуваат поинаку“;
                ­  „Овој акт не се применува кога Договорите на Европската
                    унија предвидуваат поинаку“.
            Неопходно е, на еден недвосмислен начин, во националното зако­
            нодавство да се посочат конкретни одредби од договорите.

            2. СЕКУНДАРНО ЗАКОНОДАВСТВО

            Секундарните извори на правото на ЕУ се правни акти донесени од
            страна на институциите на ЕУ во согласност со утврдени правила.
            Тука станува збор и за меѓународните договори меѓу ЕУ и трети земји
            и пресудите на Судот на правдата, како извори на правото на ЕУ.
            Според Договорот од Лисабон, земјите­членки им доделуваат важни
            законски овластувања на европските институции со што им се овоз­
            можува спроведување на одредбите од договорите и на тој начин им
            се дава целосна полноважност на правото и политиките на ЕУ. Дого­
            ворот од Лисабон е прв договор кој се повикува на законските акти
            донесени од страна на институциите на ЕУ, со цел спроведување на
            договорите. Во член 289(3) од ДФЕУ се наведува дека „правните акти
            донесени преку законодавна постапка претставуваат законски акти“.
            Од друга страна во членовите 290 и 291 од ДФЕУ се предвидува
            дека законските акти можат да ѝ го доделат на Комисијата правото
            на усвојување не законски акти ­ делегирани и акти за спроведување.
            Во член 288 од ДФЕУ наведени се секундарните извори на правото


            11  Amministrazione delle finanze dello Stato v Simmenthal (case 106/77) [1978]
            ECR 629.


            20
   17   18   19   20   21   22   23   24   25   26   27