Page 26 - Секретаријат за законодавство
P. 26
Законодавната активност на земјатачленка во однос на прописи
те е допуштена или потребна во следнитве случаи:
• Усвојувањето домашни одредби е неопходно до степен до кој
регулативата експлицитно бара од земјитечленки да ги ус
војат соодветните одредби
Примери:
• Обврска да се донесат неопходни мерки:
„Член 136
Распределба на квоти
(…)
3. Таму каде што постои квота за претпријатија за производство
на шеќер кои имаат повеќе од една производствена единица,
земјитечленки ги донесуваат мерките за кои сметаат дека се не
опходни со цел да се води сметка за интересите на одгледувачите
на шеќерна репка и трска“. 17
• Обврска да се назначат надлежни органи:
„Член 36
Назначување надлежен орган
1. Во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр.882/2004, земјитечленки
ќе назначат надлежен орган или органи одговорни за официјални
контроли за утврдување на усогласеноста со законските барања
во врска со шемите за квалитет утврдени со оваа Регулатива. По
стапките и барањата од Регулативата (ЕЗ) бр.882/2004 се примену
ваат mutatis mutandis на официјалните контроли за утврдување на
усогласеноста со законските барања во врска со шемите за квали
тет за сите производи опфатени со Прилог I од оваа регулатива“. 18
17 Регулатива (ЕУ) бр. 1308/2013 на Европскиот парламент и на Советот од
17 декември 2013 година за создавање заедничка организација на пазарите со
земјоделски про из во ди и за укинување на Регулативите на Советот (ЕЕЗ) бр.
922/72 (ЕЕЗ) бр. 234/79, (ЕЗ) бр. 1037/2001 и (ЕЗ) бр. 1234/2007 (СВ L 347,
20.12.2013, стр. 671).
18 Регулатива (ЕУ) бр. 1151/2012 на Европскиот парламент и на Советот од 21
ноември 2012 година за шемите на квалитет на земјоделските и прехранбените
производи (СВ L 343, 14.12.2012, стр. 1).
24