Page 17 - Секретаријат за законодавство
P. 17
4. ПРИНЦИПИТЕ НА ПРЕНЕСУВАЊЕ,
СУБСИДИЈАРНОСТ И ПРОПОРЦИОНАЛНОСТ
Член 5 од Договорот за Европската унија ги пропишува ограничу
вањата на надлежностите на ЕУ кои се управувани од три главни
принципи: принципот на пренесување, принципот на супсидијар
ност и принципот на пропорционалност.
Според принципот на пренесување, Унијата постапува само во гра
ниците на своите овластувања што ѝ се пренесени од страна на земји
течленки во договорите за да се постигнат целите утврдени во овие
договори. Земјитечленки ги задржуваат оние надлежности што не ѝ
ги пренеле на Унијата преку договори. Поделбата на надлежностите,
како што е објаснето претходно, е јасно пропишана во ДФЕУ.
Според принципот на супсидијарност, ЕУ може да дејствува само
ако и до оној степен до кој целите на предложената активност не
можат соодветно да бидат постигнати од страна на земјитечлен
ки, но поради обемот или влијанието од предложената активност,
истите може подобро да се постигнат на ниво на ЕУ. Принципот
на супсидијарност, всушност, бара од ЕУ да дејствува онаму каде
што целите може подобро да се постигнат на ниво на ЕУ и да не
дејствува доколку целите може задоволително да се постигнат од
страна на земјитечленки дејствувајќи индивидуално.
Според принципот на пропорционалност, содржината и формата на
активноста на ЕУ се оценува врз основа на тоа дали таа го надминува
или не она што е неопходно за постигнување на целите од договорите.
Институциите на ЕУ треба да ги применуваат овие два принципи во
согласност со Протоколот за нивната примена. Согласно Протоко
лот, секој предлог законски акт мора да биде оправдан во поглед на
принципите на супсидијарност и пропорционалност. Секој нацрт за
конски акт треба да содржи детален извештај во однос на правилна
та примена на овие принципи. Оваа изјава треба да содржи одредена
проценка на финансиското влијание на предлогот, а доколку станува
збор за директива, за нејзините импликации врз правилата кои ќе се
воведуваат од страна на земјитечленки, вклучувајќи го, каде што
е потребно, регионалното законодавство. Причините според кои се
заклучува дека целта може подобро да се постигне на ниво на ЕУ
15