Page 23 - Секретаријат за законодавство
P. 23

на ЕУ кои ќе бидат усвоени од страна на институциите на ЕУ. Тоа се
                регулативи, директиви, одлуки, препораки и мислења. Изборот на
                секундарен правен инструмент на ЕУ за регулирање на конкретно
                прашање се одредува со повикување на одредба од основачките до­
                говори што претставува негова правна основа. Доколку не постои
                показател за тоа кој вид на правен акт на ЕУ треба да се усвои, или
                одредена одредба од Договорот остава отворен избор, надлежната
                институција на ЕУ да го избере најсоодветниот правен инструмент
                со цел да се постигне целта пропишана со одредбата во прашање
                (предмет на судска ревизија на Европскиот суд за правда).


                Регулативи

                „Регулативите имаат општа примена. Тие се во целост обврзувачки
                и директно применливи во сите земји­членки“. (Член 288 од ДФЕУ)

                    ­  Се однесуваат на земјите­членки и индивидуи;
                    ­  Тоа е клучен инструмент за обединување;

                Доколку едно прашање е регулирано со регулатива, во суштина
                надлежноста на земјите­членки да усвојат закони во врска со ова
                прашање се укинува:

                „Директната примена на регулативата значи дека нејзиното вле­
                гување во сила и нејзината примена во корист или против неј­
                зините субјекти се независни од мерките за прием во национал­
                ното законодавство. Врз основа на обврските кои произлегуваат
                од Договорот и нивното прифаќање при ратификацијата, земји­
                те­членки се должни да не ја спречуваат директната применли­
                вост својствена за регулативите и другите правила на правото на
                Заедницата. Строгата сообразност со оваа обврска е неопходен
                услов за паралелна и униформирана примена на прописите на
                Заедницата во рамките на Заедницата“ .
                                                         12
                Регулативата  влегува  во  сила  во  земјите­членки  по  нејзино­
                то  објавување  во  Службениот  весник  на  Европската  унија.  За
                таа цел, нејзината обврзувачка моќ не може да биде предмет на
                објавување во националните службени весници.


                12  Fratelli Variola Spa przeciwko Amministrazione delle finanze dello Stato (case
                34/73) [1973] ECR 981.


                                                                                 21
   18   19   20   21   22   23   24   25   26   27   28