Page 24 - Секретаријат за законодавство
P. 24
Исто така, соодветното објавување на регулативата, во однос на
една земјачленка, чиј јазик е службен јазик на Унијата, мора да
вклучува објавување на тој акт на тој јазик во Службениот весник
на Европската унија. Судот на правдата на ЕУ смета дека:
„…една регулатива не смее да се искористи против физички и
правни лица во една земјачленка пред тие да имаат можност
да се запознаат со неа преку нејзиното соодветно објавување во
Службениот весник на Европската унија.
... принципот на правна сигурност бара од законодавството на За
едницата да им овозможи на оние кои се засегнати со него да се
запознаат со прецизниот опсег на обврските кои им се наметнати,
што може да се гарантира само со правилно објавување на тоа за
конодавство, на официјалниот јазик на оние на кои се однесува“ .
13
Упатства за националниот законодавец
Пред пристапувањето, Регулативата не е директно применлива
за да биде почитувана и за да може да се повикува на неа, регула
тивата треба да биде транспонирана;
По пристапувањето забранета е секаква правна активност за неј
зино транспонирање (исклучок: кога земјатачленка е директно
овластена да донесе прописи за имплементирање!):
„Бидејќи Регулативата ... е директно применлива во сите земјичлен
ки, тие, освен ако не е поинаку предвидено, се исклучени од презе
мање чекори, за целите на примена на една регулатива, доколку исти
те се наменети да го променат обемот или да ги дополнат нејзините
одредби. До оној степен до кој земјитечленки ги пренеле законодав
ните моќи во областа на тарифите со цел обезбедување задоволител
но функционирање на заедничкиот пазар во земјоделството, тие веќе
немаат овластувања да донесуваат законски одредби во оваа област“ .
14
Забрането е и обврзувачкото толкување на регулативите од страна
на властите на земјитечленки:
13 SkomaLux (case C161/06) [2007] ECR I10841.
14 Hauptzollamt HamburgOberelbe v Firma Paul G. Bollmann (case 4069) [1970]
ECR 69.
22