Page 18 - Секретаријат за законодавство
P. 18
мора да бидат поткрепени со квалитативни и, кога е можно, кванти
тативни показатели. Понатаму, Договорот од Лисабон ги овластува
националните парламенти да обезбедат сообразност со принципот
на супсидијарност согласно постапката утврдена во Протоколот.
III. ЗАКОНОДАВСТВО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
1. ПРИМАРНО ЗАКОНОДАВСТВО
Примарното законодавство во правниот систем на ЕУ има највисок
ранг, и сите други правни акти се засноваат врз него. Тоа се состои од
основачките договори на ЕУ и другите главни договори, вклучувајќи
ги и договорите за пристапување, кои се главни извори на правото на
ЕУ. Договорите се склучени помеѓу владите на сите земјичленки на
ЕУ, по пат на консензус. Тие создадоа специфичен правен поредок,
со кој им се ограничени суверените права на земјитечленки и чии
субјекти не се само земјитечленки, туку и нивните граѓани.
Денес, по Договорот од Лисабон основачки договори на Европ
ската унија се:
• Договорот за Европската унија и
• Договорот за функционирање на Европската унија
Постојат две главни причини зошто договорите се најважен извор
на правото на ЕУ. Тие се грижат за организацијата, статусот и меѓу
себните односи на главните субјекти на правото на ЕУ, како што се
земјите членки на ЕУ, институциите и телата на ЕУ, физичките и
правните лица од земјитечленки. Покрај тоа, тие ги делат области
те на креирање политики, кои припаѓаат единствено на ЕУ, нејзини
те земјичленки, како и областите под нивна заедничка надлежност.
Ова е листа на сите договори кои го формираат примарното зако
нодавство на ЕУ:
• Договорот од Париз, за основање на Европската заедница
за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) (19512002);
• Договорот од Рим5, за основање на Европската економска
заедница (ЕЕЗ, 1957);
• Договорот за основање на Европската заедница за атомска
енергија6 (ЕВРОАТОМ, 1957);
16