Page 16 - Секретаријат за законодавство
        P. 16
     однесува на примената на обврските кои произлегуваат од
                    одредена одредба;
                  треба да се „правно совршени“, што значи дека национал
                    ните судови ќе може да ги применуваат без да е потребна
                    понатамошна  правна  активност  преземена  од  страна  на
                    институциите на ЕУ или од страна на земјитечленки;
                  мора да содржат јасна обврска за земјатачленка; и
                  мора да бидат безусловни или условот мора да биде исполнет.
            Онаму кадешто директивата не може директно да се примени и
            поради тоа се применува одредба од национален пропис, таа од
            редба треба да биде толкувана/интерпретирана „во духот на ди
            рективата“ (доктрина на лојално толкување/интерпретација).
            Според тоа, освен принципот на директен ефект на регулативите,
            директивите и одлуките, со развојот на правото на ЕУ со пресу
            дите на Европскиот суд на правдата, се утврдува и принципот на
            индиректен ефект. Принципот на индиректен ефект е принцип на
            правото на ЕУ, познат како принцип на постојана интерпретација
            (толкување). Спроведувањето на правото на ЕУ не е потпомог
            нато  само  од  страна  на  Европскиот  суд  на  правдата  и  админи
            стративните органи кои на ова право му овозможуваат директен
            ефект, супремација, односно надреденост на националното право
            на земјитечленки. Имено, потребно е да бидат исполнети прет
            ходно наведените услови за да можат директивите да имаат ди
            ректен ефект. Но, доколку овие услови не се исполнети, а за да
            може овие правни акти да имаат одреден ефект, се утврдува об
            врска за националните судови на земјитечленки да го „толкуваат
            националниот закон во однос на правото на Заедницата“ (случај
            14/83 Von Colson, 1984). Како резултат на тоа, овој принцип се
            нарекува  принцип  на  постојана  интерпретацијатолкување  или
            индиректен ефект на правото на ЕУ. Со овој принцип, всушност, е
            отворена можноста да се почитува „забраната“ на хоризонтални
            от директен ефект, но и да им се даде ефект на одредбите коишто
            се недоволно прецизни или условни, со цел истите да можат да
            имаат директен ефект.
            14
     	
