Page 15 - Секретаријат за законодавство
P. 15
директивите можат да им даваат само права на поединците (во од
нос на државата), но не можат да им наметнуваат обврски на пое
динците (во корист на државата или во корист на поединците). Ова
значи дека директивите може да предизвикаат само вертикално
непосредно дејство за разлика од регулативите и одредбите од До
говорот коишто и кон поединците имаат не само вертикално туку
и хоризонтално непосредно дејство. Во случај на непочитување на
обврските од директивите, за државата произ легува одговорност за
компензација/надомест (случај Frankovich ), под следните услови:
5
1. Директивата пропишува одредени права за поединците/
индивидуите;
2. Содржината и обемот на правата се јасно определени во
директива; и
3. Штетата на поединецот/индивидуата е во причинско
последична врска со оглед на фактот дека државата не ги
почитувала обврските произлезени од директивата.
Забелешка за битната разлика (пресвртница: случај Van Gend en
Loos ):
6
директна применливост: одредбите од правниот поредок
на ЕУ се валидни и не е потребна понатамошна актив
ност на законодавната или која било друга власт на земја
тачленка, додека
директен ефект: квалитетот на директно применливата од
редба на која може да се повикаат поединците/индивиду
ите во постапките пред националните судови.
Одредбите од правните акти на ЕУ може да бидат директно при
менливи и може да имаат директен ефект само ако ги исполнуваат
следните критериуми:
не е дозволена дискреција на земјитечленки и на инсти
туциите на ЕУ во поглед на имплементацијата којашто се
5 Francovich&Bonifaci v. Italy (Cases C – 6&9/90)[1991] ECR I5357, [1993] 2
CMLR 66.
6 Van Gend en Loos v. Nederlandse Administratie der Belastingen (Case 26/62)
[1963] ECR 1, [1963] CMLR 105.
13