Page 13 - Секретаријат за законодавство
P. 13
на Заедниците не можат да надвладеат подоцнежни еднострани
активности, и правни акти на земјитечленки (случај Costa v. ENEL ).
3
За да го оправда прекршувањето/непочитувањето на правните акти на
ЕУ, земјачленка, не може да се повика на ниту еден свој правен акт
(дури ни на Уставот), (случај Internationale Handelsgesellschaft (IHG)).
Овој принцип се однесува на:
законодавецот кому му е забрането да усвои пропис што не
е во согласност со acquis на ЕУ ,
судијата кој не може да примени одредба од националниот
правен пропис, доколку истата прекршува или е во спро
тивност со пропис на ЕУ (обврска за неприменување).
Декларацијата за супремација (декларација бр.17) во прилог на
Договорот од Лисабон се однесува на постоењето на гореспомена
тиот концепт на супремација во судската пракса на Европскиот суд
на правдата и на тој начин се потврдува важноста на овој принцип.
3. ДИРЕКТНА ПРИМЕНЛИВОСТ/ДИРЕКТЕН ЕФЕКТ
Овој принцип им овозможува на поединците/индивидуите да бидат
субјекти на правниот систем на ЕУ и да се повикуваат на правата
кои произлегуваат од правните акти на ЕУ. Принципот на директен
ефект како термин и поим не постои во ниту еден од договорите, но
може да се сретне поимот директна применливост. Така, одредбите
од членот 189 од Договорот за ЕЗ и членот 161 од Договорот за ЕВ
РОАТОМ упатуваат дека регулативите се директно применливи во
сите земјичленки. Во Договорот за ЕЗЈЧ не постои слична одредба
којашто би се осврнувала на општите карактеристики на правните
акти (коишто се еквивалентни на регулативите на ЕЗ).
Согласно одлуките на Европскиот суд на правдата, принципот на
директен ефект гласи: „кога ќе се каже дека правната одредба има
директен ефект, тоа значи дека на поединците им дава права, а не
и обврски, и тоа права што можат да ги бараат поединци, а не и
3 Одлука на Европскиот суд на правдата Flaminio Costa v E.N.E.L., Guidice con
ciliatore di Milano . Italy (Case 6/64) [1964] ECR 585, [1964] CMLR 425.
11