Page 12 - Секретаријат за законодавство
P. 12
Правото на Европската унија (во натамошниот текст: ЕУ), про
излезено од основачките договори, е независен извор на право
то и затоа не може да се менува со прописите на правните сис
теми на земјитечленки затоа што би можело да им наштети на
правните основи на Европската унија (види случај Internationale
Handelsgesellschaft (IHG ).
2
2. СУПРЕМАЦИЈА
Супремација на правото на ЕУ значи надреденост на правото на
ЕУ во однос на националните права на земјитечленки. Со само
то склучување на основачките договори, земјитечленки дале со
гласност, за одредени прашања и области, заеднички да ја креи
раат политиката на решавање и уредување на овие области. Како
резултат на нивната согласност да ги уредуваат, на наднационал
но ниво, прашањата од заеднички интерес, тие создаваат правен
поредок којшто е наднационален и којшто согласно основните
правила за функционирање на ЕУ има предност, односно супре
мација во примената тогаш кога за истите прашања постојат на
ционални правни норми.
Принципот на супремација е утврден од страна на Европскиот суд
на правдата. Овој принцип има за цел да обезбеди ефективна и уни
фицирана примена на правото на ЕУ додека, во пракса, тоа значи:
правото на ЕУ преовладува тогаш кога правото на ЕУ и на
ционалното право се контрадикторни, правото на ЕУ треба
да преовладува и над одредбите од националниот устав;
директно применливите прописи на правото на ЕУ мора
да бидат применети целосно и на унифициран начин во
сите земјичленки од денот на нивното влегување во сила.
Пренесувањето/делегирањето на права и обврски на институциите на
ЕУ кои произлегуваат од основачките договори значи трајно ограни
чување на сувере нитетот на земјитечленки поради што над концептот
2 Одлука на Европскиот суд на правдата Internationale Handelsgesellschaft mbH
v. Einfuhr und Vorratsstelle für Getreide und Futtermittel (Случај 11/70) [1970]
ECR 1125, [1972] CMLR 255.
10