Page 11 - Секретаријат за законодавство
P. 11
течленки и само ако ЕУ може да ги постигне со поголема ефикас
ност од земјитечленки. Понатаму, актот на ЕУ не треба да го надми
нува она што е неопходно за да се постигнат целите од договорите
(принципот на супсидијарност и пропорционалност). Областите во
кои ЕУ и земјитечленки имаат заеднички надлежности покриваат:
внатрешен пазар, социјална политика, економска, социјална и те
риторијална кохезија, земјоделство и рибарство, животна средина,
заштита на потрошувачите, транспорт, трансевропски мрежи, енер
гетика, слобода, правда и безбедност, и јавно здравство.
Во одредени области ЕУ има само надлежност за поддршка што
значи дека може само да врши активности за поддршка, коорди
нација или дополнување на активностите на земјитечленки. Во
овие области ЕУ ги поддржува, координира, поттикнува или до
полнува мерките на национално ниво и земјитечленки не дале
надлежност на ЕУ, туку решиле самостојно да дејствуваат. По
литиките за кои ЕУ има надлежност за поддршка вклучуваат:
заштита и унапредување на здравјето на луѓето, индустрија, кул
тура, туризам, образование, стручна обука, млади и спорт, цивил
на заштита и административна соработка.
II. ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ
Обемот на основните принципи на правото на ЕУ е утврден или
од страна на судската пракса на Европскиот суд на правдата на
Европската унија (ЕСП) или од страна на основачките договори.
Основните принципи се важен дел од правниот поредок на ЕУ,
а нивната практична функција овозможува решавање спорови за
кои не постојат специфични пишани законски правила. Иако не
постои исцрпна листа на такви принципи во судската пракса на
Европскиот суд на правдата или во основачките договори, след
ниве принципи се нашироко познати и применувани.
Основни принципи на правото на Европската унија се:
1. АВТОНОМНОСТ / САМОСТОЈНОСТ
Acquis е автономен правен систем независен од правните системи
на земјитечленки, дури и од нивните уставни принципи.
9