Page 104 - Секретаријат за законодавство
P. 104

ти со оценување на транспонирањето и во КТ МК­ЕУ, се наведува
            дека истото е потполно, делумно или неусогласено, додека во КТ
            ЕУ­МК оценувањето на степенот на транспонирањето се градира
            согласно следниот начин:
                ­  Целосно усогласено;

                ­  Делумно усогласено;
                ­  Не се транспонираат;
                ­  Не е релевантно за РМ; и
                ­  Дискрециона одредба.

            1.1 КОРЕСПОНДЕНТНА ТАБЕЛА МК­ЕУ

            Воведниот дел на формуларот МК­ЕУ го содржи називот на нацио­
            налниот правен пропис за којшто се изготвува овој формулар  (на
            пр. Предлог законот за трговските друштва, Правилник за водење
            на сметководството итн.), потоа се наведува ЕПП бројот со кој на­
            ционалниот пропис за којшто се изготвува формуларот е евиденти­
            ран во Националната програма за усвојување на правото на Европ­
            ската унија за соодветната година. Исто така, во овој воведен дел,
            се наведува CELEX бројот на прописот на ЕУ што се транспонира
            во националниот правен пропис, доколку постојат повеќе прописи,
            истите се наведуваат нумерирано (под 1, 2, 3 итн.) и се наведува
            нивниот полн назив. При наведувањето на називите на прописите
            на ЕУ би требало да се внимава на редоследот на истите наведен и
            во точката 3.2. од Изјавата за усогласеност на прописот со законо­
            давството на Европската унија со Кореспондентна табела.

            Табелата ги содржи следните колони:
            1. Одредба од националниот пропис во кој се врши транспонирањето

            Во оваа колона се внесува само нумеричката ознака на одредбата на
            нацио налниот пропис во кој се врши транспонирањето при што де­
            цидно се наведува дека транспонирањето се однесува на одреден член
            или одредени други делови на членот (став, точка и/или алинеја).

            На пример, член 1, став 2, точка а) или член 17 став 3, втора ре­
            ченица, итн.
            2. CELEX број на прописот на ЕУ кој се транспонира


            102
   99   100   101   102   103   104   105   106   107   108   109