Page 81 - Секретаријат за законодавство
P. 81

содржат наслови на документи кои ги потврдуваат стекнатите ква­
                лификации и имињата на органите кои ги доделуваат тие квалифи­
                кации на официјалните јазици на соодветните земји­членки. Затоа,
                во процесот на транспонирање на директивата има малку простор
                за маневар за националниот законодавец. Мора да постои сигурност
                дека документите наведени во Анексите на Директивата се признати
                од страна на надлежните органи. Како резултат на тоа, приодот во
                Законот од 18 март 2008 година се содржи во упатување директно на
                тие анекси наместо на повторување на нивната содржина.

                Спроведување на одлуки

                Спроведувањето на одлуките се одвива преку темелна анализа на
                природата на одредбите. Се прави разлика помеѓу одредбите со
                кои се бара воведување на законски мерки во полскиот правен
                поредок и одредби кои ги задоволуваат критериумите на директен
                ефект и затоа може да се применат директно. Задачата на нацио­
                налните законодавци е да се овозможи директна применливост на
                одредбите со назначување надлежни органи и постапки кои треба
                да се следат, а кои обезбедуваат потребни формулари, итн.

                Горенаведениот пристап е илустриран од страна на Регулативата на
                министерот за земјоделство и рурален развој од 30 октомври 2007
                година која ги утврдува мерките за увоз на живи птици миленичиња
                кои  придружуваат  патници  во  однос  на  високо  патогениот  птичји
                грип . Нејзината цел е да се спроведе одлуката на Комисијата од 22
                     50
                декември 2006 година во однос на одредени заштитни мерки во вр­
                ска со високо патогениот птичји грип и движењето на птиците миле­
                ничиња кои ги придружуваат нивните сопственици во Заедницата .
                                                                                 51
                Одлуката бара од земјите­членки да ги преземат потребните мерки за
                да се осигураат дека птиците миленичиња преселени во територијата
                на Заедницата од трети земји се предмет на документарна како и на
                идентитет проверка од страна на надлежните органи. Земјите­членки
                можат да го дозволат движењето на живите птици миленичиња само
                кога се исполнети условите кои се утврдени во член 1 од таа одлука.



                50  Dz.U.2007.208.1508.
                51  OJ L 8, 13.1.2007, p. 29.

                                                                                 79
   76   77   78   79   80   81   82   83   84   85   86