Page 82 - Секретаријат за законодавство
P. 82
Согласноста со овие услови мора да биде заверена од страна на
официјален ветеринар, во согласност со моделот на сертификат
кој е предвиден во Анекс на одлуката.
Полската регулатива предвидува дека движење на домашни птици
од трети земји е дозволено само кога се исполнети условите наведе
ни во член 1 (1) од Одлуката 2007/25/ЕЗ. Затоа се смета дека одред
бата со која се утврдуваат тие услови е директно применлива и нема
потреба таа да се репродуцира во текстот на полската регулатива.
Понатаму, регулативата предвидува дека сопственикот на птици
те мора да поседува ветеринарно уверение наведено во член 1 (2)
од Одлуката 2007/25/ЕЗ. Повторно, во овој случај законодавецот
се ограничува себеси на утврдување на обврската да го чува сер
тификатот, како што е предвидено во одлуката, но смета дека е не
потребно да се приложи кон образецот на сертификатот, бидејќи
веќе е достапен и обврзувачки, како дел од Одлуката 2007/25/ЕЗ.
Спроведување на судска пракса на Судот на правдата
Пример за законските измени кои во Полска се преземаат со цел да
се земе предвид судската пракса на Судот на правдата е измената на
Законот од 14 февруари 1991 година за професијата нотар . Судот на
52
правдата издаде неколку пресуди во врска со голем број земјичлен
ки во кои се изјасниле дека со наметнување на состојба на државјан
ство за пристап до професијата нотар, тие земјичленки ја нарушија
обврската согласно член 49 ДФЕУ . Затоа член 11 од Законот за про
53
фесијата нотар е изменет на начин кој ќе им овозможи на граѓаните
на други земјичленки пристап до професијата во Полска.
Друг пример е Законот од 9 мај 2008 година за надомест на преплату
вање на платените акцизи стекнати во Заедницата или увоз на патнич
ки возила . Оваа мерка е воведена во врска со пресудата на Судот на
54
правдата во која Судот изјави дека степенот и начинот на пресмету
вање на акциза за патнички автомобили купени во друга земјачленка
52 Dz.U. 1991 Nr 22 poz. 91.
53 See e.g. Judgement of 24 May 2011, Commission v Republic of Austria (Case
C53/08) [2011] ECR I4309.
54 Dz. U. z 2008 r. Nr 118, poz. 745.
80