Page 84 - Секретаријат за законодавство
P. 84
Обврската за пополнување на Изјавата за усогласеност е утврдена
во Деловникот за работа на Владата на Република Македонија,
така што е утврдено дека предлагачите заедно со материјалите
што ги доставуваат на седниците на Владата на Република Маке
донија, треба да достават и Изјава за усогласеноста на прописите
со законодавството на Европската унија, а за законите и подзакон
ските акти и кореспондентна табела.
Пополнувањето на Изјавата за усогласеност на националните про
писи со правото на ЕУ треба да биде пракса и во случаите кога
станува збор за национален пропис за којшто претходно е веќе
попoлнета Изјава за усогласеност на овој пропис со соодветниот
правен акт на ЕУ, а сега во истиот национален пропис се вршат
соодветни измени и дополнувања, но само од аспект на национал
ните потреби, со кои измени и дополнувања не се навлегува во од
редбите во коишто е претходно транспонирано европското законо
давство. Имено, во тој случај се пополнува Изјава за усогласеност
само рубриките 1.1, 1.2 а, во рубриката 1.3. од Изјавата се наведува
дека националниот пропис не е предмет на усогласување со право
то на ЕУ, туку дека се вршат соодветни измени и дополнувања што
се од национален карактер согласно националното законодавство,
и дека предметниот пропис бил претходно усогласен со правото
на ЕУ согласно Изјавата за усогласеност за основниот текст на на
ционалниот пропис, со наведувањето на ЕПП бројот што го имал
тогаш во таа Изјава. Другите рубрики не се пополнуваат, а Изјавата
се потпишува од раководно лице во тоа министерство и од страна
на министерот. Во тој случај, Секретаријатот за законодавство не
дава мислење за Изјавата за усогласеност.
82