Page 83 - Секретаријат за законодавство
P. 83
на ЕУ биле во спротивност со законите на ЕУ . Законот предвидува
55
модалитети за надомест на акцизата од страна на поединци кои купи
ле патнички автомобили во друга земјачленка во одредениот период.
Во член 4 од тој закон постои директна врска кон таа пресуда.
Спроведување на „меките закони (soft laws)“ на ЕУ
Службите кои се одговорни за законодавната постапка имаат тен
денција да имаат практичен пристап кон неформалните документи,
како што се соопштенијата, препораките, насоките, мислењата, бе
лешките, итн. Овој пристап се базира на претпоставката дека, иако
овие документи не се формално обврзувачки, во одредени случаи
тие можат да произведат правно дејство. Истото мора да биде оце
нето на поединечна основа, земајќи ги во предвид содржината,
предметот и целта на даден акт. Во некои случаи, тоа е неопходно
да се направи директна врска со таквите акти, со цел да се обезбе
ди ефикасност на законите на ЕУ и почитувањето на принципите
на правната сигурност. Еден пример на оваа практика може да се
најде во Законот од 13 јуни 2003 година за странци . Член 39 го
56
назначува раководителот на Управата за странци да издава, по вна
трешни консултации, единствена виза врз основа на член 17 (2) од
Конвенцијата за имплементирање на Шенгенскиот договор во слу
чаите наведени во Анекс 5 од Општите конзуларни инструкции за
визи за дипломатски мисии и конзуларни претставништва .
57
VI. ИЗЈАВА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ НА ПРЕДЛОГ ПРОПИСОТ
СО ПРАВОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Изјавата за усогласеност на предлог националниот пропис со пра
вото на Европска та унија, претставува еден од инструментите со
кој се утврдува дали предлог прописот се усогласува со Спогод
бата за стабилизација и асоцијација, како и со кои правни акти
на ЕУ се усогласува предлог прописот и во кој степен (потполна
усогласеност, делумна усогласеност и неусогласеност).
55 Brzeziński v Dyrektor Izby Celnej w Warszawie (Case C313/05) [2007] ECR I513.
56 Dz. U. z 2006 r. Nr 234, poz. 1694.
57 OJ C 326, 22.12.2005, p. 1.
81