Page 105 - Секретаријат за законодавство
P. 105

Во оваа колона се внесува само CELEX број на прописот на ЕУ
                што се транс понира.

                3. Одредба од прописот на ЕУ која се транспонира
                Во оваа колона се внесува само нумеричката ознака на одредбата
                на прописот на ЕУ којашто се транспонира при што децидно се
                наведува членот или одредени други делови на членот (став, точ­
                ка и/или алинеја) и анекси кои се транспонираат.
                4. Оценка на степенот на усогласеност
                Во оваа колона, релевантните национални субјекти ја даваат оцен­
                ката за сте пенот на усогласеност којашто може да биде „целосна
                усогласеност“, „делумна усогласеност“ и „неусогласеност“. Оваа
                оценка го изразува степенот на усогласеност на секоја одделна од­
                редба на националниот правен акт со одредбата на правните акти
                на ЕУ. Тоа значи дека доколку содржината на одредбата на нацио­
                налниот акт на идентичен начин го уредува прашањето, како и од­
                редбата на правниот акт на ЕУ што се транспонира, тогаш треба
                да се наведе оценката „целосна усогласеност“.
                Но,треба да се има предвид дека иако одредбите наведени во корес­
                пондентната табела имаат оценка дека се целосно усогласени, тоа не
                значи дека и оценката во Изјавата за усогласеност на националниот
                пропис со соодветниот правен акт на ЕУ гласи целосно усогласени,
                бидејќи тоа би значело секоја одредба од правниот акт на ЕУ да е
                транспонирана во националниот правен акт, да не постои никакво от­
                стапување од начинот на кој е уредена материјата во овие два правни
                акти, освен доколку одредбите на правниот акт на ЕУ допуштаат на­
                ционално поинакво уредување на прашањата опфатени во одредбата.
                Оценката „делумна усогласеност“ значи дека содржината на со­
                одветната одредба од правниот акт на ЕУ во националниот правен
                акт е само делумно транспонирана, а тоа значи дека одредбата
                на националниот правен акт содржи, односно уредува и нешто
                повеќе од она што е уредено во правниот акт на ЕУ, а за тоа не по­
                стои овластување во истиот или дека не уредува сè што е уредено
                во одредбата на правниот акт на ЕУ.

                Оценката „неусогласеност“ би значела дека содржината на одред­
                бата на националниот правен акт не соодветствува на содржината
                на одредбата на прав ниот акт на ЕУ или прашањето го уредува на
                сосема поинаков начин, а можеби и на спротивен начин.


                                                                                103
   100   101   102   103   104   105   106   107   108   109   110