Page 107 - Секретаријат за законодавство
P. 107

Со оглед на тоа дека прописот на ЕУ за кој се пополнува овој Форму­
                лар може да има измени, истите се наведуваат редоследно, така што
                се наведува прво CELEX бројот, па потоа насловот на прописот на
                ЕУ. Вториот дел од воведниот дел на овој формулар содржи табела
                во којашто редоследно (под 1,2,3 итн.), во првата колона, се наведува
                називот на националните правни прописи во коишто се транспонира
                прописот на ЕУ и се наведува негова кратенка (на пр. Предлог закон
                за европските друштва ­ПЗЕД). Во втората колона се наведува ЕПП
                бројот од Националната програма за усвојување на правото на Ев­
                ропската унија. Во третата колона се посочува дали националниот
                правен пропис е нацрт или пак е донесен. Доколку е веќе донесен, во
                четвртата колона се внесува бројот на „Службен весник на Републи­
                ка Македонија“ и годината на објавувањето (на пример, 45/2010). Во
                последната колона се даваат забелешки. Доколку има и други измени
                на Предлог законот, а во коишто бил транспониран прописот на ЕУ,
                се наведуваат и измените на Законот, хронолошки како што се до­
                несени и објавени во „Службен весник на Република Македонија“.
                Во третиот дел од воведниот дел на овој Формулар се наведува да­
                тумот на изработката, и верзијата на Формуларот што се доставува.
                Ова се прави од причина што овој Формулар се ажурира со нова
                верзија 2, 3 итн. при секое донесување на нов национален пропис
                или негова измена во којашто се транспонира прописот на ЕУ, така
                што верзијата се означува нумерички со арапски броеви. Со ог­
                лед на тоа дека овој вид Формулар ЕУ­МК првпат се применува
                од 1 септември 2010 година, а заради ажурирање на досегашното
                усогласување на предметниот пропис на ЕУ со веќе донесените на­
                ционални прописи до наведениот датум, секој национален пропис
                за којшто за првпат ќе се изготвува и ваков Формулар ЕУ­МК за
                прописот на ЕУ што се транспонира ќе треба да биде означен како
                верзија 1. Исто така, во овој дел се наведува и името и презимето на
                одговорното лице и институција од којашто доаѓа.

                Табелата се состои од следните колони:
                1. Број на член

                Во оваа колона се наведува нумеричката ознака на одредбата на
                прописот на ЕУ при што истата може да се однесува на целиот
                член на предметниот пропис или пак на некој одреден негов дел
                (став, точка, алинеја, и др)


                                                                                105
   102   103   104   105   106   107   108   109   110   111   112