Page 108 - Секретаријат за законодавство
P. 108

Забелешка: Колоната мора да ги содржи редоследно сите одредби на
            предметниот ЕУ пропис (освен преамбулата) без оглед на тоа што ис­
            тиот можеби само делумно се транспонира. Ова се прави од причина
            што на овој начин прегледно се докажува како, во кој обем и во кои се
            национални прописи истиот е транспониран или ќе се транспонира.
            2. Член

            Во оваа колона се внесува целата содржина на одредбата на ЕУ
            прописот што е предмет на транспонирање на македонски јазик.

            3. Наслов на националниот правен пропис (кратенка на национал­
            ниот правен пропис)
            Во оваа колона се внесува називот на националниот пропис во кој
            се врши транспонирањето на ЕУ прописот, неговата кратенка што
            е претходно утврдена во вториот дел од Формуларот ЕУ­МК или
            редниот број.
            4. Број на член на националниот правен пропис

            Во оваа колона се внесува само нумеричката ознака на одредбата на
            национал ниот пропис во кој се врши транспонирањето при што де­
            цидно се наведува дека транспонирањето се однесува на одреден член
            или одредени други делови  од членот (став, точка и/или алинеи).

            5. Член на националниот правен пропис
            Во оваа колона се внесува текстот на одредбата на националниот
            правен пропис во којшто е извршено транспонирањето на пре­
            дметната  одредба  на  ЕУ  прописот  при  што  неговата  содржина
            треба да кореспондира со содржината на ЕУ прописот.

            Забелешка: При транспонирањето на одредбите на ЕУ прописите,
            кога се работи за стандарди, нормативи и технички одредби, при­
            фатливо  е  да  се  примени  начинот  на  изразување  утврден  во  ЕУ
            прописите, но кога се транспонираат материјални одредби на про­
            писот треба, при конципирањето на содржината на националниот
            пропис, да се примени изразувањето коешто е логичко, разбирливо
            и апликативно на правниот систем на Република Македонија.

            6. Целосно усогласен (целосно, делумно, не се транспонира, не е
            релевантно за РМ, дискрециона одредба).


            106
   103   104   105   106   107   108   109   110   111   112   113