Page 106 - Секретаријат за законодавство
P. 106
Денес, во нашето законодавство, доколку станува збор за одредба
од нацио налниот правен акт во којашто не е транспонирана соод
ветната одредба од правниот акт на ЕУ истата не се наведува во
кореспондентната табела, и тоа е знак дека, иако поединечните
одредби наведени во кореспондентната табела се целосно усогла
сени со одредбата од правниот акт на ЕУ, оценката во Изјавата за
усогласеност ќе биде „делумна усогласеност“.
Во случаите кога станува збор за веќе усогласен национален про
пис за којшто се предлагаат соодветни измени и дополнувања за
ради правно техничко допре цизирање на одредени термини, де
финиции и сл., а за којшто еднаш е изработена Изјава за усогласе
ност во којашто е дадена оценката целосна усогласеност и веќе се
изработени кореспондентни табели, во тој случај за прописот што
претставува соодветно изменување и дополнување на наведениот
пропис се изготвува Изјава за усогласеност согласно укажувањата
во Дел IV став 3 од овој Прирачник, при што во овој случај не се
изработува кореспондентна табела.
5. Забелешка
Ако се потребни дополнителни информации во поглед на транс
понирањето, тие информации ќе бидат дадени во оваа колона, или
каде што е пот ребно, во посебен документ што ќе биде наведен
во колоната. Ова можат да бидат информации потребни да се до
објасни методот на транспонирање или објаснување зошто некоја
одредба не била имплементирана. Информациите исто така мо
жат да се користат за да се објаснат различни временски агенди за
имплементација на одредбите на законодавството.
6. Надлежен орган / институција
Во оваа колона се наведува органот или институцијата надлежна
за спроведување на соодветната одредба.
1.2 КОРЕСПОНДЕНТНА ТАБЕЛА ЕУМК
Формуларот ЕУМК е составен од воведен дел и табела.
Воведниот дел на Формуларот ЕУМК прво го содржи CELEX бројот
на прописот на ЕУ, под него се наведува целосниот наслов (назив) на
прописот на ЕУ, се наведува бројот на Службениот весник на Европ
ската унија, како и насловот на прописот на ЕУ на англиски јазик.
104