Page 110 - Секретаријат за законодавство
P. 110

6.5 Кога за предметната одредба на ЕУ прописот, институција­
                та/надлежниот орган, предлагач на националниот пропис смета
                дека истата може но не мора да се транспонира, тогаш во оваа
                колона треба да го внесе изразот ­ дискрециона одредба при
                што колоните 7 и 8 не ги пополнува, а во колоната 9 ги образло­
                жува причините за предложениот степен на усогла сеност.

            7. Доколку целосно не е утврдено кога ќе биде транспозицијата

            Во оваа колона се внесуваат податоци за тоа како ќе се изврши
            транспонирањето на предметната одредба на ЕУ прописот на на­
            чин на кој укажавме во претходната точка.

            8. Планиран рок за целосно усогласување
            Доколку  одредбата  на  предметниот  пропис  на  ЕУ  делумно  се
            транспонира или не се транспонира, во оваа колона се наведува
            во кој временски период институцијата/надлежниот орган, пред­
            лагач на националниот пропис, смета дека ќе се изврши целосно
            негово транспонирање (се наведува датумот кога се планира него­
            во транспонирање или пак се укажува дека конечното транспони­
            рање ќе настапи со пристапувањето во членство на ЕУ).
            9. Забелешки

            Во оваа колона се внесуваат податоци што се однесуваат на степе­
            нот на транспонирањето на одредбата на предметниот ЕУ пропис
            на начин и по содржина согласно претходно укажаното, како и
            други информации што институцијата/ надлежниот орган, пред­
            лагач на националниот пропис, ги смета за релевантни.





















            108
   105   106   107   108   109   110   111   112   113   114   115