Page 109 - Секретаријат за законодавство
P. 109
Содржината на предметната колона е најважниот дел од овој фор
мулар, бидејќи институцијата/надлежниот орган, предлагач на на
ционалниот пропис, со детерминирањето на одредениот степен на
усогласеност (целосно, делумно, не се транспонира, не е релевант
но за РМ, дискрециона одредба), искажува од една страна како и во
кој обем предметната одредба на ЕУ прописот е инкорпорирана во
националното законодавство, а од друга страна има јасен увид за
комплексноста на истиот како и кои се наредните чекори што треба
да се преземат заради целосно усогласување со ЕУ прописот до
моментот на пристапувањето во Европската унија. Оттука, во за
висност од степенот на усогласеноста може да се согледа следното:
6.1 Кога предметната одредба од ЕУ прописот целосно е усогла
сена, тогаш не е потребно да се пополнуваат колоните 7 и 8;
6.2 Кога предментната одредба од ЕУ прописот делумно е
усогласена, во колоните 7 и 8 треба да се наведе како ќе се
направи транспонирањето (се наведуваат методите дадени во
упатството за пополнување од Одлуката за изменување на Од
луката за обрасците на придружното писмо и меморандумот,
содржината и формата на кореспондентните табели и на изја
вата за усогласеноста на прописот со законодавството на Ев
ропската унија) и во кој временски период, а во колона 9 треба
да се даде причината за делумната усогласеност;
6.3 Кога предметната одредба од ЕУ прописот не се транспонира,
повторно треба во колоните 7 и 8 да се внесат податоци за тоа како
ќе се изврши транспонирањето согласно наводите од потточката
6.2 на овој дел и во колоната 9 треба да се образложи причината
за непреземањето на предметната одредба на ЕУ прописот;
6.4. Кога предметната одредба на ЕУ прописот не е релевант-
на за Републи ка Македонија (првенствено тоа се одредби
што се однесуваат на надлежноста на Европската комисија
или пак се однесуваат само на одре дена земјачленка на ЕУ
или се во функција на одредување на активности на одреде
но тело на Европската комисија или се тоа завршни одредби)
колоните 7 и 8 не се пополнуваат, додека во колоната 9 се вне
суваат причините врз основа на коишто се цени дека предмет
ната одредба на ЕУ прописот не е релевантна;
107