Page 7 - Секретаријат за законодавство
P. 7
ВОВЕД
о процесот на интегрирање во Европската унија, освен испол
Внувањето на Копенхагенските политички и економски крите
риуми, Република Ма кедонија треба да изврши и усогласување
на национално законодавство со законодавството на Европската
унија, односно со Acquis.
Acquis претставува правен систем на Европската унија што ги
содржи сите заеднички вредности стекнати од постоењето на За
едницата тргну вајќи од Договорите за основање на Заедницата, и
тоа Договорот на Европската заедница за јаглен и челик од 1951,
Договорот за Европската заедница за атомска енергија (ЕВРОА
ТОМ) од 1957 и Договорот за Европската економска заедница од
1957 година, како и останатите договори со коишто се менуваат
и дополнуваат пос тојните договори и тоа, Единствениот европ
ски акт (SEASingle European Act) од 1986 година, Договорот од
Мастрихт од 1992 година, Договорот од Амстердам од 1997 годи
на, Договорот од Ница од 2000 година и Договорот за Европската
унија од Лисабон од 2007 година, па сè до правните акти коишто
ги донесуваат институциите на Европската унија и судската прак
са којашто ја креира Европскиот суд на правдата.
Целта на подготвувањето на овој прирачник е да се создаде една
практична алатка којашто ќе упати на основните карактеристики
на правниот систем на Европската унија, а со цел да се објаснат
основните принципи на коишто тој е изграден и функционира. По
ради тоа сметаме дека со овој прирачник ќе се обезбедат појдов
ните основи неопходни на сите субјекти вклучени во процесот на
хармонизација и усогласување на националното законодавство со
законо давството на Европската унија, особено на ресорните ми
нистерства коишто гo но сат најголемиот товар и обврски во овој
процес. Се надеваме дека истиот ќе биде од корист и за другите
органи на државната управа коишто на кој било друг начин учест
вуваат или го потпомагаат овој процес.
Критериумот за интеграција во Европската унија којшто значи при
фаќање и имплементација на acquis на ЕУ, всушност, значи при
фаќање на „заед ничките вредности”, за што е потребно позна ва ње
на правото на Европската унија, особено на одредбите коишто не
5