Page 29 - Упатство
P. 29

−  Услови  и  процедура  за    добивање  на  бесплатно  приклучување  на  природен  гас,
                          водоводна и канализациона мрежа,
                       −  Статистички податоци во однос на активностите во технолошко индустриските развојни
                          зони,
                       −  Статистички податоци во однос на државната помош и ослободувањата во  технолошко
                          индустриските развојни зони,
                       −  Статистички  податоци  во  однос  на  вработувањата  во  технолошко  индустриските
                          развојни зони, извозот учеството во БДП и др. и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.


               4.10.Област – ЕНЕРГЕТИКА


                   Од добиените податоци, во областа на енергетиката се барани следните информации:
                       −  Информации за спроведени јавни набавки поврзани со пандемијата Ковид-19,
                       −  Целокупна документација за јавни набавки,
                       −  Податоци за склучени менаџерски договори,
                       −  Податоци  за  престанок  на  работниот  однос  на  вработени,  по  звање,  образование,
                          години на работно искуство и основ за престанок на работниот однос,
                       −  Податоци за нови вработувања низ временски период,
                       −  Податоци за ангажирани вработени на определено време, авторски договор и/или друг
                          основ,
                       −  Податок за увоз и извоз на природен гас во РСМ,
                       −  Просечни цени на електрична енергија на слободен пазар (од мали хидроцентрали) низ
                          временски период,
                       −  Податок за користење од постојаната буџетска резерва и во која висина,
                       −  Податоци за користењето на тековната буџетска резерва,
                       −  Податок за цената на ангажирана моќност (фиксен дел) за 1м2 грејна површина,
                       −  Записници од одржаните редовни седници на РКЕ,
                       −  Број на примени приговори во РКЕ од потрошувачи низ временски период, по основ на
                          приговорот, и донесените одлуки по приговорите,
                       −  Податоци за количини на увезено екстра лесно гориво низ временски период,
                       −  Податоци за просечна референтна цена на мазутот (M1-HC) низ временски период,
                       −  Список на овластени инженери кои поседуваат лиценца за снабдување со топлинска
                          енергија,
                       −  Податоци за вкупен увоз на природен гас во вредносен обем,
                       −  Листа на увозници на природен гас,
                       −  Податоци за корисници на природен гас,
                       −  Податоци за потрошувачка на природен гас по типови корисници и
                       −  Податоци за издадени лиценци од РКЕ.


               •  Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на енергетиката,
                   освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните
                   треба да ги објават и најмалку следниве информации:


                                                             28
   24   25   26   27   28   29   30   31   32   33   34