Page 25 - Упатство
P. 25

−  Статистички податоци од работата на банките како и извештаи за извршени контроли,
                       −  Статистички  податоци  за  капиталот,  резервите,  добивката,  загубите  и  финансискиот
                          резултат на НБРМ,
                       −  Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
                          за добивање на дозвола за основање на штедилница,
                       −  Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
                          за добивање на дозвола за основање на менувачница,
                       −  Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
                          за добивање на дозвола за вршење на услуга на брз трансфер на пари,
                       −  Информации за поднесени претставки поднесени до Народната банка од потрошувачи
                          согласно Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити,
                       −  Постапка, трошоци и извештај за одлучување по претставки од потрошувачи поднесени
                          до Народната банка;
                       −  Упатства на НБРМ со насоки за потрошувачите за начинот на поднесување на претставка,
                       −  Интерни  акти  на  НБРМ  со  кои  се  уредува  постапката  по  однос  на  претставки  од
                          потрошувачи,
                       −  Обрасци  на  пријава  кои  може  да  бидат  користени  од  страна  на  потрошувачите  за
                          поднесување на претставка до НБРМ,
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.



               4.7.Област - ЕКОНОМИЈА


                   Од добиените податоци, во областа на економијата се барани следните информации:
                       −  Број на исплатени субвенции по видови од страна на Министерството за економија низ
                          временски период,
                       −  Информација за мерките за родова еднаквост и зајакнување на жени кои се предвидени
                          во програмите и потпрограмите на Министерството за економија,
                       −  Информации за концесии и меѓународни договори,
                       −  Информации за број на вработени во Министерството за економија, по пол, позиција,
                       −  Информации за платите на вработените,
                       −  Листа на компании кои биле корисници на мерката за поддршка на приватниот сектор
                          за нови пазари, конкурентност и модернизација од третиот пакет мерки за поддршка во
                          справување со пандемијата,
                       −  Информации за членови, биографија и надоместоци во управни и надзорни одбори
                       −  Одлуки на КЗК,
                       −  Податоци за планирани средства како постојана и тековна резерва, како резултат на
                          пандемијата со КОВИД-19,
                       −  Податоци за реализирани јавни набавки поврзани со Ковид-19 пандемијата,
                       −  Податоци за реализирани трошоци поврзани со Ковид-19 пандемијата,
                       −  Податоци за издадени решенија од страна на КЗК за одобрено доделување на државна
                          помош од пакетот мерки за справување со Ковид-19,
                       −  Листа на компании (микро, мали и средни) кои  ја користеле мерката за бескаматни
                          кредити  и  кредити  со  ниска  каматна  стапка  и  вредност  на  земените  кредити  по
                          компанија,

                                                             24
   20   21   22   23   24   25   26   27   28   29   30