Page 28 - Упатство
P. 28

−  Податоци  за  износот  на  доделена  инвестициска  државна  помош  на  странските
                          инвеститори поединечно по основ,
                       −  Податок за вкупен број на странски компании во РСМ по индустриски зони,
                       −  Број на странски компании корисници на државна помош и
                       −  Извештаи  за  доделена  државна  помош  доставени  до  Комисијата  за  заштита  на
                          конкуренција.

                   Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на инвестициите,
                   освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните
                   треба да ги објават и најмалку следниве информации:

                       o  Агенција за странски инвестиции:
                       −  Контакт податоци од Агенцијата за странски инвестиции за започнување на постапка на
                          истражување, организирање соодветен план за патување и соодветни средби за посета
                          во земјава за инвеститорите,
                       −  Активности и мерки за грижа на корисници кои инвестирале во РСМ,
                       −  Постапка за промоција на извозот,
                       −  Постапка за финансиска поддршка на инвеститорите,
                       −  Статистички податоци во однос на инвестициите во државата вклучително и износот на
                          државна помош и разни ослободувања, бенефиции, број на вработени лица, износ на
                          инвестициите во БДП и др. и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.

                       o  Дирекција за технолошко индустриски развојни зони:
                       −  Контакт  податоци  во  Дирекцијата  за  технолошко  индустриски  развојни  зони  за
                          започнување на постапка за инвестирање во зоните,
                       −  Податоци за ТИРЗ-овите,
                       −  Услови и процедура за  добивање на 50% поддршка од владата во максимален период
                          од 10 години,
                       −  Услови и процедура за добивање на 10 годишно ослободување од данок на добивка и
                          100% намалување на данок на личен доход за период до 10 години,
                       −  Услови и процедура за добивање на поддршка на растот на капиталните инвестиции и
                          приходите со поврат од 10+10% од инвестициските трошоци во нови машини и опрема
                          или инвестиции во згради,
                       −  Услови  и  процедура  за    добивање  на  ослободување  од  плаќање  надоместок  за
                          уредување на градежно земјиште,
                       −  Услови и процедура за  добивање на R&D мерка – 50% поврат на вложувања,
                       −  Услови и процедура за  добивање на Cash swap за субвенции за платен данок на личен
                          доход и данок на добивка n-2,
                       −  Услови и процедура за  добивање на државни пакети за обука на персоналот со цел
                          зголемена продуктивност,
                       −  Услови и процедура за  добивање на долгорочен закуп на земјиште до 99 години по
                          концесиски цени во слободни зони во РСМ,
                       −  Услови и процедура за  добивање на услуга за изградба и закуп на објекти од страна на
                          ТИРЗ,

                                                             27
   23   24   25   26   27   28   29   30   31   32   33