Page 34 - Упатство
P. 34
o Министерство за економија:
− Статистички податоци за доделени субвенции за вршење на занаетчиска дејност
(поднесени барања, одобрени барања, листа на занаетчии кои добиле субвенции и
износ на субвенции),
− Статистички податоци за даночни олеснувања и ослободувања за занаетчиите,
− Регистар на занаетчии и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
o Занаетчиска комора:
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за регистрација на занаетчија,
− Регистар на занаетчии,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за стекнување на занаетчиска дозвола,
− Постапка и потребни документи за добивање на субвенции за вршење на занаетчиска
дејност и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
o Управа за јавни приходи:
− Даночни олеснувања и ослободувања за занаетчиите и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
4.14.Област - ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Од добиените податоци, во областа на земјоделството се барани следните информации:
− Детални податоци за исплатените средства и корисниците на финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој, вклучувајќи и родово разделени податоци,
− Информации за мерки за поддршка на земјоделците,
− Информации за работата на секторската работна група за земјоделство и рурален
развој, вклучувајќи го и учеството на граѓанскиот сектор,
− Податоци за акредитирани лаборатории за контрола на квалитет на прехранбени
производи,
− Податоци за извршени инспекциски надзори,
− Податоци за извршени лабораториски анализи од контрола на квалитет на прехранбени
производи,
− Податоци за планирани и реализирани средства по програмите за финансиска
поддршка во земјоделството и руралниот развој,
− Податоци за повици за доделување на средства за здруженија на граѓани, услови,
критериуми за евалуација, членови на комисии за евалуација, здруженија на граѓани на
кои им се доделени средства и избор,
33