Page 33 - Упатство
P. 33

−  Поединечно доделени средства преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот
                          до крајните корисници - невладини организации,
                       −  Податоци за вработените во Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

                       Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на туризмот,
                       освен  податоците  кои  се  законски  минимум  и  кои  задолжително  се  објавуваат  на  веб
                       страните треба да ги објават и најмалку следниве информации:

                       o  Министерство за економија:
                       −  Статистички  податоци  во  врска  со  поддршката  која  Владата  ја  дава  на  туристичките
                          агенции,
                       −  Статистички податоци во врска со бројот на туристи, приходите од туризам,
                       −  Податоци за туристичките дестинации во државата,
                       −  Регистар на туристички агенции и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.

                       o  Агенција за промоција и поддршка на туризмот:
                       −  Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
                          за регистрација на туристичка агенција,
                       −  Регистар на туристички агенции,
                       −  Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
                          за добивање поддршка со плати за туристички водичи,
                       −  Статистички податоци за користење на поддршка со плати за туристички водичи,
                       −  Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
                          за добивање грантови за ресторани и свадби,
                       −  Статистички податоци за користење на грантови за ресторани и свадби,
                       −  Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
                          за добивање поврат на туристичка такса,
                       −  Статистички податоци за поврат на туристичка такса за поддршка на секторот туризам,
                          како еден од најпогодените од кризата и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.



               4.13.Област -  ЗАНАЕТЧИСТВО



                   Не  се  добиени  информации  за  поднесените  барања  за  информации  од  јавен  карактер  во
                   областа на занаетчиството.

                   Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на занаетчиството,
                   освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните
                   треба да ги објават и најмалку следниве информации:



                                                             32
   28   29   30   31   32   33   34   35   36   37   38