Page 26 - Упатство
P. 26
− Податоци за компаниите кои искористиле финансиска поддршка согласно Законот за
финансиска поддршка и износот на финансиска поддршка и
− Статистички податоци за користени родови критериуми при доделување и користење
на кредити од Развојната банка.
Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на економијата,
освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните
треба да ги објават и најмалку следниве информации:
o Министерство за економија:
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на дозвола за детални геолошки истражувања,
− Листа на компании, локалитети и надомест за дозволи за детални геолошки
истражувања,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на лиценца за кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен
простор,
− Регистар на кабареа, ноќни клубови, дискоклубови и дискоклубови на отворен простор,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за категоризација на хотели и ресторани,
− Регистар на категоризирани хотели и ресторани,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за концесии и јавно приватни партнерства,
− Сите договори за концесија и јавно приватно партнерство,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместок за
полагање на испит за стечаен управител,
− Листа и биографија на сите стечајни управители,
− Извештај за работа на стечајните управители,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместок за
полагање на испит и стекнување на лиценца за овластен проценител,
− Листа и биографија на сите овластени проценители,
− Извештај за работа на овластените проценители,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање поддршка со плати за грантови за игротеки за деца,
− Статистички податоци за користење на грантови за игротеки за деца,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање поддршка за субвенционирање на 50% од придонесите за вработените во
компании во секторите туризам, транспорт и угостителство и други компании погодени
од корона вирусот,
− Статистички податоци за користење на мерката субвенционирање на 50% од
придонесите за вработените во компании во секторите туризам, транспорт и
угостителство и други компании погодени од корона вирусот,
− Број на мажи и жени кои добиле ваучер за туризам од 6.000 денари како финансиска
помош за време на кризата со КОВИД 19,
− Податоци за средства потрошени/распределени помеѓу граѓаните преку ваучерот за
домашен туризам Дома си е дома,
25