Page 27 - Упатство
P. 27

−  Статистички податоци околу приходите од договорите за концесии и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.

                       o  Фонд за иновации:
                       −  Постапка за добивање на грантови и други облици на поддршка за иновации,
                       −  Листа на физички и правни лица добитници на средства од Фондот за иновации,
                       −  Статистички  податоци  во  однос  на  средствата  за  поддршка  на  инвестициите,
                          одржливоста на проектите и ефектите од истите и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.



               4.8.Област - ТРГОВИЈА



                   Не  се  добиени  информации  за  поднесените  барања  за  информации  од  јавен  карактер  во
                   областа на трговијата.

                   Во  насока  на  доследна  имплементација  на  законот,  институциите  од  областа  на  трговијата,
                   освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните
                   треба да ги објават и најмалку следниве информации:

                       o  Министерство за економија:
                       −  Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
                          за регистрација на овластен производител, извозник и увозник на тутунски производи,
                       −  Регистар на овластени производители, извозници и увозници на тутунски производи,
                       −  Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
                          за регистрација на марки на производи од тутун и сродни производи,
                       −  Регистар на марки на производи од тутун и сродни производи,
                       −  Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
                          за стекнување на лиценца за продажба на алкохолни производи,
                       −  Регистар на лиценци за продажба на алкохолни производи,
                       −  Статистички  податоци  за  поднесени  претставки  од  граѓаните  за  заштита  како
                          потрошувачи,
                       −  Статистички податоци за преземени мерки и активности за заштита на потрошувачите и
                       −  Други документи од областа на трговијата и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.



               4.9.Област – ИНВЕСТИЦИИ


                   Од добиените податоци, во областа на инвестициите се барани следните информации:



                                                             26
   22   23   24   25   26   27   28   29   30   31   32