Page 32 - Упатство
P. 32

−  Регистар на издадени лиценци за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати,
                          биогорива и горива за транспорт,
                       −  Постапка за заштита на правата потрошувачите пред РКЕ,
                       −  Образец на приговор од физички и правни лица заради неквалитетно испорачување на
                          услугите,
                       −  Одлуки  на  РКЕ  по  поднесени  приговори  од  физички  и  правни  лица  во  однос  на
                          квалитетот на услугите кои ги добиваат,
                       −  Извештај за поднесени приговори од физичките и правните лица,
                       −  Статистички податоци за произведена струја, трошоци за произведена струја, увоз на
                          струја,  трошоци  за  увезена  струја,  дистрибуција  на  струја,  загуби  во  однос  на
                          електричната енергија и вкупните приходи и расходи по овие основи и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.



               4.11.Област – ИНДУСТРИЈА


                   Не  се  добиени  информации  за  поднесените  барања  за  информации  од  јавен  карактер  во
                   областа на индустријата.

                   Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на индустријата,
                   освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните
                   треба да ги објават и најмалку следниве информации:

                       o  Министерство за економија:
                       −  Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
                          за добивање на финансиска поддршка на индустријата,
                       −  Листа  на  правни  лица  кои  барале,  кои  добиле  и  кои  биле  одбиени  за  финансиска
                          поддршка на индустриското производство и износот кој е доделен на секој од нив,
                       −  Статистички податоци во однос на финансиската поддршка на индустријата, бројот на
                          вработени лица во индустријата, учеството на индустријата во БДП и др. и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.



               4.12.Област – ТУРИЗАМ


                       Од  добиените  податоци,  во  областа  на  внатрешните  работи  се  барани  следните
                       информации:
                       −  Информации  за  издадени  ваучери  за  туризам,  вклучувајќи  корисници,  субјекти  кои
                          нуделе вакви услуги, износ на реализирани ваучери за туризам,
                       −  Статистички податоци за број на туристи разделени по локации,
                       −  Статистички податоци за регистрирани домаќинства за селски туризам,
                       −  Податоци за број на корисници за поддршка со плати на туристички водичи,

                                                             31
   27   28   29   30   31   32   33   34   35   36   37