Page 23 - Упатство
P. 23
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на дозвола за основање на менувачница,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на дозвола за вршење на услуга на брз трансфер на пари,
− Име, презиме и биографија на членовите на Комитетот за финансиска стабилност,
− Статистички податоци и извештаи од работата на Комитетот за финансиска стабилност
и поткомитетите,
− Статистички податоци за средствата со кои располага Фондот за осигурување на
депозити,
− Статистички податоци за обврските на Фондот за осигурување на депозити кон
штедачите,
− Постапка и потребни документи за обештетување на штедачи,
− Листа на внатрешни ревизори во јавните институции со нивни биографии,
− Статистички податоци за бројот на извршени внатрешни ревизии во јавните институции
− Услови, потребни документи и начин на спроведување на испитот за овластени
внатрешни ревизори во државниот сектор,
− Годишен извештај за функционирање на системот на јавна внатрешна финансиска
контрола,
− Статистички податоци за сопствените приходи на општините,
− Статистички податоци за приходите на општините од персонален данок,
− Статистички податоци за приходите на општините од донации,
− Статистички податоци за приходите општините од самопридонес,
− Статистички податоци за приходите на општините од дотации од Буџетот на РСМ и од
фондовите (ДДВ, наменски дотации, капитални дотации, блок дотации и дотации за
делегирана надлежност),
− Состав на Комитетот за финансиско управување и контрола со кратки биографии на
членовите,
− Извештај за работата на Комитетот за финансиско управување и контрола,
− Состав на Ревизорскиот комитет со кратки биографии на членовите,
− Извештај за работата на Ревизорскиот комитет,
− Податоци за постапките за денационализација (решенија, судски пресуди, имот кој е
вратен, доделени обврзници итн.),
− Податоци за стварите во државна сопственост, за начинот на нивно користење и
располагање,
− Одлуки за давање на користење и располагање со стварите во државна сопственост,
− Податоци за трошоците од буџетот за ангажирани лица преку АПВ и број на работно
ангажирани лица преку АПВ во јавниот сектор,
− Податоци за трошоците од буџетот за ангажирани лица преку договори за дело,
авторски договори и друг вид договори согласно Законот за облигациони односи и број
на работно ангажирани лица преку ваков вид договори во јавниот сектор,
− Информација во врска со мерката “Платежна картичка за млади“, во вредност од 3.000
денари за домашни производи,
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
o Управа за јавни приходи:
22