Page 22 - Упатство
P. 22
− Број на правни субјекти (здруженија и фондации регистрирани согласно Законот за
здруженија и фондации) кои што побарале даночни бенефиции (ослободувања) за
донации согласно Законот за донации и спонзорства од јавни дејности,
− Број на поднесени жалби и тужби против даночен управен акт на УЈП од страна на
даночни обврзници,
− Податоци за ненаплатени побарувања од УЈП и во колкав износ биле истите од различни
правни лица,
− Податоци од приходи од ДДВ низ временски период,
− Број на барања за субвенции на плати (минимална или бруто плата) и број на одобрени
барања,
− Број на барања за субвенционирани кредити и број на одобрени барања,
− Статистички податоци за корисници на финансиска поддршка за исплата на плати,
− Статистички податоци за корисници кои се опфатени со платежната картичка,
− Податоци за правните субјекти кои добиле финансиска поддршка како дел од пакетот
на мерки на Владата поврзани со пандемијата Ковид-19,
− Број на спогодбено решени предмети во кои е вклучено Државно правобранителство
− Податоци за постапки за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на РСМ во кои
е вклучено Државно правобранителство и
− Број на издадени фискални сметки - вкупно, низ временски период.
• Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на финансиите,
освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните
треба да ги објават и најмалку следниве информации:
o Министерство за финансии:
− Постапка за донесување на Буџетот,
− Буџет на РСМ,
− Фискална Стратегија,
− Буџетски циркулар,
− Буџет за реализација на Националните стратегии од сите области,
− Статистички податоци за вкупните и поединечните задолжувања при реализација на
буџетот,
− Статистички податоци за јавниот долг,
− Статистички податоци за финансиска поддршка на единиците на локална самоуправа,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на дозвола за основање на банка,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за почнување со работа на
филијала на банки од земји членки на ЕУ,
− Листа на банки кои работат на територија на РСМ,
− Статистички податоци од работата на банките како и извештаи за извршени контроли,
− Статистички податоци за капиталот, резервите, добивката, загубите и финансискиот
резултат на НБРМ,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на дозвола за основање на штедилница,
21