Page 20 - Упатство
P. 20
− Статистички податоци во однос на бројот на сообраќајни несреќи и сообраќајни
прекршоци и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
o Биро за јавна безбедност:
− Листа на сите полициски станици со контакт податоци (адреса, електронска адреса,
телефонски број и др.)
− Статистички податоци во однос на бројот извршени увиди и преземени мерки за
извршени кривични дела,
− Статистички податоци во однос на бројот на преземени мерки и поднесени пријави за
заштита на јавниот ред и мир,
− Статистички податоци во однос на бројот на сообраќајни несреќи и сообраќајни
прекршоци и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
4.5.Област - НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
Не се добиени информации за поднесените барања за информации од јавен карактер.
Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на надворешните
работи, освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб
страните треба да ги објават и најмалку следниве информации:
o Министерство за надворешни работи:
− Листа на овластени службени лица во институцијата кои постапуваат по барањата на
физичките и правните лица,
− Листа на амбасади со контакт податоци (адреса, електронска адреса, телефонски број
и др.),
− Листа на амбасадори со нивни биографии и контакт податоци,
− Листа на конзуларни претставништва со контакт податоци (адреса, електронска адреса,
телефонски број и др.),
− Листа на конзули со нивни биографии и контакт податоци,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на конзуларни услуги за домашни државјани,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на дипломатски услуги за домашни државјани,
− Извештај за реализирани активности и за работа на секоја амбасада поединечно,
− Статистички податоци за платите, репрезентација, сместување и други трошоци на сите
амбасади поединечно,
− Извештај за реализирани активности и за работа на секое конзуларно претставништво
поединечно,
19